Теми за дипломска работа за професионални студии

Анкета за прибирање идеи за подобрување на web страната на МФС

Почитувани,

во насока на одбележување на јубилејот од 60 години студии по машинство и подобрување на нашата видливост, а согласно честите коментари и дискусии од членовите на ННС и студентите, иницираме процес за изработка на нова web-страната на МФС.

Ве молиме со овој едноставен прашалник да ни помогнете да го направиме нашиот сајт што е можно поинформативен и поорганизиран. Со овој прашалник очекуваме да предложите идеи кои мислите дека треба да бидат инкорпорирани во новиот сајт (како на пример предлог за подобра насловна страна, предлог за подобра персонална страна за секој член од наставниот кадар, подобар преглед на стипендиите/праксите што се нудат, подобра секција со слики/видеа и слично).

Најискрено Ви благодариме на сите Ваши коментари и идеи.

Повелете линк до анкетата

https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=LuWhupzR10mkrdWyOhzhtrRNEdaP5JNJvJRkwYvQyw1UOUpTWFNYMU9CQkZTUkNTT0gwUUNIRkdWMy4u

Со почит,

Деканат на МФС

 

Презентација на 2 универзитети од САД

Почитувани,

на 11 април (четврток) во 12ч. во салата за состаноци на МФС ќе се одржи презентација на 2 универзитети од САД од страна на нивни претставници каде ќе бидат објаснети начинот на аплицирање, студирање и стипендирање. Презентацијата е поддржана од EducationUSA Fair.

Универзитетите се American Universities Pepperdine Graduate school of Public Policy и University of Colorado Boulder.

Повелете да дознаете повеќе информации.

Новото лого на Машински факултет – Скопје

Почитувани,

На седницата одржана на 28.03.2019 беше изгласано новото лого на Машинскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Наскоро ќе поставиме проширена објава за оваа промена.

МФС лого, jpg формат

МФС лого, png формат

МФС лого, eps формат

УКИМ логоа ai, cdr, jpg формат

Редовна програма за стипендии на француската влада

Француската влада ја објави редовната програма за стипендии наменети за македонските студенти за втор и трет циклус на студии (постдипломски и докторски студи).

Конкурсот е објавен на сајтот на Францускиот институт

Студенти - Тип на содржина: 
stipendii

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top