Соопштенија за студенти

Подготвителна настава по математика 2026

📚 Бесплатна подготвителна настава по математика! ✏️ 

Пријавете се ТУКА !!!

Драги идни студенти, сакаме да ви помогнеме да го започнете вашето студирање успешно и со самодоверба! 💡

🔍 Професорите од Одделот за математика и информатика при Машинскиот факултет – Скопје организираат Подготвителна настава по математика за бруцошите на техничките факултети!
📅 Кога? 21 – 25 септември 2026
🕘 Време: 9:00 – 12:00 ч.
📍 Локација: Просторија 225, Машински факултет
⏳ Траење: 15 школски часа (5 дена по 3 часа)
💰 Цена: бесплатно
🚀 Освежи ги своите математички вештини и подготви се за нови академски предизвици!

Пријавување до 19.9.2026 година 

Соопштение за вонреден септемвриски испитен рок во учебната 2025/2026

Се известуваат студентите дека во вонредниот септемвриски испитен рок ќе може да полагаат:

  • само еден предмет од зимски или од летен семестар.

Студентот кој ќе полага во вонредниот септемвриски испитен рок, најдоцна до 17.9.2026 до 23:45 часот, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се пријави (со македонска поддршка) на следниот ЛИНК:

https://forms.cloud.microsoft/e/RQb7wkNbQi

Пријавувањето на испитите за вонредниот септемвриски испитен рок ќе се врши на 18.9.2026 од 11:00-13:00 часот во студентска служба.

Студентот кој ќе полага во вонредниот септемвриски испитен рок, должен е да изврши уплата на 2.000,00 денари и тоа на следниот начин:

  • електронски, преку Iknow системот, во полето Документи, ја бира услугата Организација на дополнителен термин во испитна сесија, по предметна програма (предмет) МФ2024 (2.000), и го врши плаќањето on-line или

НАПОМЕНА: Студентите кои ќе извршат online уплата нема потреба да доаѓаат физички во студентска служба, под услов ЗАДОЛЖИТЕЛНО да бидат пријавени на линкот погоре.

  • вирмански, на жиро сметка на МФС, цел на дознака за полагање на испит.

Назив на примачот: Буџет на РСММашински факултет - Скопје

Банка на примачот: НБРМ

Сметка: 100 0000000630 95

Износ: 2.000

Сметка на буџетски корисник: 1600104278  788  11

Приходна шифра: 723019  41            Начин: 2

Термините за полагање на испитите ќе бидат објавени на web страната на МФС на 18.9.2026 година.

Испитната сесија ќе се спроведе на 21.9.2026.

Студентите се должни да пополнат пријава во хартиена форма и истата да ја достават до предметниот наставник на денот на испитот.

 

Скопје, 2.9.2026 год.                                            Од Деканатот на МФС                                                                                                       

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

ERASMUS+ Соопштение 02.09.2026

Конкурс за студентска мобилност за студирање и пракса/стажирање во рамки на ЕРАЗМУС+ програмата за летниот семестар во академската 2026-2027 година

Активен е Конкурсот за студентска мобилност за студирање и пракса/стажирање во рамки на ЕРАЗМУС+ програмата за летниот семестар во академската 2026-2027 година.

Студентите апликанти треба да ги достават апликациите во 4 примероци (еден за архива, еден за студентот, еден за Еразмус+ координаторот и еден за Универзитетот) до Еразмус+ координаторот (доц. д-р Елена Ангелеска) надоцна до 2 октомври 2026 г. за студентските мобилности за студирањеа за студентските мобилности за пракса/стажирање најдоцна до 30 октомври 2026 година.

Една апликација треба да ги содржи следниве документи:

  • пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
  • уверение за положени испити на македонски јазик;
  • уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ-универзитетот, издадена  од признат центар/школа за странски јазици;
  • уверение за редовен студент - запишан семестар/година (на македонски јазик);
  • кратка биографија (Europass CV template);
  • мотивациско писмо;

Задолжително:

за студентска мобилност за студирање:

  • договор за студирање (Learning Agreement for Studies), во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и  факултетот во странство (минимум 20 ЕКТС- максимум 30ЕКТС)

за студентска мобилност за пракса/стажирање:

  • договор за пракса/стажирање (Learning Аgreement for Traineeship)
  • покана (Invitation Letter) од институцијата/организацијата/компанија/претпријатие) во која ќе се одвива праксата/стажирањето

Детални информации за конкурсот може да најдете на следниот линк: https://ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2026/09/2026-2027_erasmuskonkurs_za_studentska_mobilnost_let…

Договорот за студирање - Learning Agreement (LA) исто така треба да се изготви онлајн на платформата EWP Dashboard, за што има соодветни насоки.

Понатаму, при изготвувањето на договорот за студирање треба да се изберат предмети кои ќе бидат признаени по враќањето на студентот, односно компатибилни предмети од наставната програма на двата факултета, бидејќи потпишаниот LA, односно одобрениот ОLA гарантира дека избраните предмети со број на ЕКТС ќе бидат признаен.


Исто така, треба да се внимава на рокот за номинирање за летниот семестар во академската 2026/2027 година, наведен на официјалната веб-страница на странскиот универзитет, односно студентите апликанти треба да изберат странски универзитет кадешто рокот за номинирање е по 14 октомври 2026 година

Сите дополнителни информации и формулари за пријавување и листа на потпишани Еразмус+ договори може да ги побарате на интернет-страницата на Универзитетот под: Меѓународна сорабитка – Еразмус+ мобилности – ERASMUS+ - Документи за студентска мобилност (ERASMUS+ - Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје)

За дополнителни информации и поддршка, обратете се кај Еразмус+ координаторот за Машински факултет:

Елена Ангелеска (elena.angeleska@mf.edu.mk)

Студенти - Тип на содржина: 
erasmus_plus

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top