Апликативна дејност

Во рамките на своите дејности МФС извршува и широк спектар на апликативна дејност која се манифестира преку соработка со стопанството. Таа опфаќа решавање на голем број на проблеми од машинската техника. Како партнери во неа учествуваат голем број организации од материјалното производтство.

При тоа МФС веќе подолго време успешно соработува со повеќе компании, фирми и организации. Некои од нив се:
Eлем, Мепсо, Џонсон Контролс, УСАИД, АД Топлификација, Макстил, Балканстил, Т-Хоме, Т-Мобиле, Микросам и многу други.

 

Во рамките на Институтот за машински конструкции, механизациони машини и возила при факултетот функционираат една лабораторија и едно инспекциско тело кои се акредитирани од страна на Институтот за акредитација на Р. Македонија:

 

  • Лабораторија за возила (калибрација на сила и момент на сила). Таа е прва акредитирана калибрациона лабораторија во Р.Македонија. Акредитирана е на ден 26.07.2005 год. според ISO 17025 под број ЛК-001 и во неа се врши калибрирање на механички големини, динамометри и момент клучеви.
     
  • Инспекциско тело за моторни возила е акредитирано на ден 08.04.2008 год. според ISO 17020 под број ИТ-009. Ова инспекциско тело е прво акредитирано тело од ваков тип во Р. Македонија и има опсег на акредитација за оценка на сообразност на еднинечно прегледано возило од категориите L, M, N, O.

 

 

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top