Изберете додипломски студии: 4-годишни академски студии и добијте звање Дипломиран машински инженер или 3-годишни академски студии и добијте звање Дипломиран инженер по...

Станете Магистер по машински науки со избор на втор циклус редовни студии во девет студиски програми или вонредни студии  во шест студиски програми, во согласност со Болоњските...

Докторските студии се наша определба за образување на висококвалитетни кадри од областа на инженерството со компетенции за научно-истражувачки, развојни и иновативни активности...

Машинскиот факултет е носител на научно-истражувачката дејност од областа на машинската струка и претставува центар за развој на науката, научната мисла и примената на науката...

Машински факултет - Скопје

СООПШТЕНИЕ УКИМ

Во врска со препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, како и врз основа на препораките на Владата на Република Северна Македонија и другите овластени органи во државата, за заштита на населението од вирусот Ковид-19 и за превенција од ширење на вирусот, Централната стручна и административна служба – Ректорат на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје воведува нов времен режим на работа со странки.

Ги замолуваме сите единици во состав на УКИМ, како и сите граѓани кои имаат потреба од контакт со Ректоратот на УКИМ да не контактираат на:

02 3293 293

ukim@ukim.edu.mk

http://ukim.edu.mk/

️Сите хартиени барања и документи да се доставуваат електронски на адресите на раководителите на одделенијата:

На линкот, во менито Органи и тела на УКИМ, во подменито Стручна служба се дадени електронските адреси на сите раководители на одделенијата.

Средбите и состаноците ќе се одржуваат телефонски.

Ви благодариме на разбирањето, заедно да придонесеме во зачувување на јавното здравје!

 

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ !!!

Почитувани,

Согласно заклучоците на Комисијата за заразни болести и одлуката на Владата на Република Северна Македонија, Ве информираме дека на Машински факултет – Скопје нема да се одржува настава во следните 14 дена, почнувајќи од 11.03.2020 година

Во наредните 14 дена Ве молиме континуирано да ја следите веб-страницата на Факултетот и Вашите e-mail адреси каде што ќе бидете информирани за сите дополнителни информации кои се однесуваат на оваа одлука.

Со почит, Деканат

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ

Се замолуваат сите студенти на Машински факултет - Скопје, да постапат согласно НАСОКИТЕ НА ВЛАДАТА ЗА ИТНО ПОСТАПУВАЊЕ кои се во прилог и да ги достават бараните податоци до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

 
Со почит, Деканат
Соопштенија за студенти

Повик за учество во Универзитетска лига

Почитувани,

    Факултетското студентско собрание при МФС сака да ве информира за Универзитетска лига 2020.

Универзитетска лига претставува натпреварување помеѓу сите факултети на УКИМ во спортовите:

  • Мал фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Одбојка
  • Пинг-понг
  • Шах
  • Тенис
  • Куглање
  • Стрелаштво (со воздушна пушка)

    За пријавување за учество пополнете ја следната анкета. https://forms.gle/J2TuXjuzjnsX8oQw5

Пријавувањето трае до 14.02.2020 (Петок). 

    Доколку имате дополнителни прашања обратете се на 078249001 - Иве.

 

Соопштенија за студенти

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.ukim.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top