ИЗВЕСТУВАЊЕ за документите за сместување во Студентски дом

Студентите на додипломски студии на Машинскиот факултет во Скопје кои се пријавуваат на Конкурсот за сместување во студентски домови за учебната 2022/2023 година, потребните документи од Факултетот ги побаруваат и добиваат по електронски пат, и тоа:

  • потврда за редовен студент
  • уверение за положени испити и
  • УППИ образец (предвидени-положени).

Документите ги побаруваат по електронски пат на : studsl@mf.edu.mk

Студентот треба да наведе: име и презиме, број на индекс и студиска програма на која е запишан.

Документите (потпишани и заверени) ги добиваат по електронски пат на : mail адреса на студентот.

Документите побарани на 27 и 28 јули 2022 год. (среда и четврток) ќе бидат процесуирани и доставени на 29 јули 2022 година.

Документите побарани на 29 јули 2022 год. (петок) и 1 август 2022 год. (понеделник) ќе бидат процесуирани и доставени на 3 август 2022 година.

Документите во материјална форма, со приложена уплатница за платена административна такса од 50 денари, можат да се подигнуваат од Студентската служба од 03 август 2022 година.


Скопје, 28.07.2022 година            Машински факултет - Скопје

 

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.ukim.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top