Соопштенија за постдипломци

Tempus работилница Охрид 2008

Во рамките на семинарот Numerical Simulation Program in Mechanical Engineering одржан во Охрид од 26 до 30.10 2008 година свои излагања и презентации имаа доц. д-р Игор Ѓурков, Марија Каракутовска (канцеларија ТЕМПУС - МОН), проф д-р Деан Вучинич (Брисел), проф д-р Здравко Терзе (Штутгарт), проф д-р Хрвоје Јасак (Лондон), проф д-р Тодор Нешков (Софија), д-р Шиме Маленица (Париз), вон проф д-р Валентино Стојковски, доц д-р Зоран Марков и доц д-р Виктор Стојмановски.

Покрај ова, во рамките на овој семинар беа одбранети и две дипломски работи изработени од кандидатите Ролевски Ванчо и Арсов Дејан во соработка со Џонсон Контролс, а беше направена и кратка презентација на веќе одбранета дипломска работа од страна на Савев Душан дипл.маш.инж. Модератор и водител на семинарот беше проф. д-р Милан Ќосевски, а во текот на вчерашниот ден учесниците на семинарот ги поздрави деканот на Машинскиот факултет вон. проф. д-р Атанас Кочов.

 

 

Macedonian

Кузиновски Миколај

Фотографија: 
Академски ранг: 
In Memoriam
Основни податоци
Контакт: 

Машински факултет, Карпош II б.б., П. фах 464, 1000 Скопје, Република Северна Македонија

Телефон: 
+389 (0)2 3099 257
Телефакс: 
+389 (0)2 3099 298
E-mail: 
mikolaj.kuzinovski@mf.edu.mk
Биографија
Биографија: 

Лични податоци:
Роден сум на 06.12.1956 во Легница, Полска

Образование:
1975-1980 Машински факултет, Скопје
1980-1986 магистратура, Машински факултет, Скопје
1987-1991 докторат, Машински факултет, Скопје (ментор од Вроцлавската Политехника во Полска)
Вработување:
1997- Вонреден професор, Машински факултет, Скопје
1992-1997 Доцент, Машински факултет, Скопје
1987-1992 Асистент, Машински факултет, Скопје
1981-1987 Помлад асистент, Машински факултет, Скопје
1980-1981 Професор, ЕМУЦ "Никола Тесла", Скопје

Страницате не постои

Страницата која ја барате не постои на овој сервер, привремено е недостапна или внесената адреса е погрешна.

Пробајте го следново:

  * Проверетe дали адресата во address bar-от е правилно внесена.
  * Отворете ја страницата www.new.mf.edu.mk и пронајдете го линкот до бараната информација.

 

 

 



 

Цели

 

Зборникот претставува референтно гласило на Машинскиот факултет во Скопје, во кое се објавуваат резултати од научната работа на Факултетот. Зборникот со кратки паузи излегува двапати годишно веќе 25 години и според принципот на размена се разменува со околу 40 високошколски установи во Европа.

 

Зборникот е регистриран како меѓународно списание под коден број ZTFSEH и свој ISSN (0351 - 6067) и со програмите на Универзитетската библиотека “св. Климент Охридски” од Скопје може да се пребарува по неговите содржини од сите делови на светот.

 

Во досегашниот период во Зборникот се објавуваа трудови главно од вработените на Машинскиот факултет во Скопје.

 

Активностите во Зборникот треба да се прошират со вклучување на уште повеќе реномирани научници и професори од други средини или со нивно ангажирање како постојани соработници, рецензенти, автори итн.

 

За Зборникот да може да биде читан и во другите средини кои не говорат македонски јазик, трудовите се објавуваат на англиски јазик со резиме на македонски.

 

Зборникот ќе продолжи да излегува од печат во предвидените термини (два пати годишно). Се надеваме дека наскоро ќе можеме да објавиме дека Зборникот ќе излегува четири пати годишно.

 

Зборникот се објавува и на веб страната на Машинскиот факултет каде се поместени комплетните содржини на Зборниците од 2002 година па наваму.

 

Сметаме дека се созреани условите Зборникот да прерасне од гласило на научните работници на Машинскиот факултет во Скопје, во гласило со поширок карактер, во кое свои трудови ќе објавуваат и други научни работници.

Јазик Macedonian
  • 383 reads

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top