Соопштенија за студенти

Анкета за наставата на МФС

Почитувани студенти,

со цел унапредување на наставата и зголемување на нејзиниот квалитет, на ниво на УКИМ е направен потполно нов систем за анонимни студентски анкети. Системот е достапен на следниот линк: https://anketi.finki.ukim.mk/.

Кодот е целосно развиен од страна на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство под GNU General Public License, version 3 (GPL-3.0) лиценца и истиот може да се преземе од https://github.com/finkiSkopje/Surveys. Сите проблеми со системот за анкетирање, пријавете ги на системот help.students.finki.ukim.mk, во делот студентски анкети.

Анкетите за сите студенти се задолжителни, но анонимни. Од системот iKnow се преземаат информации за запишаните предмети и соодветните наставници, а потоа се забележува само информација дека тој студент пополнил анкета за тој предмет. Врската кон одговорите на прашањата од студентите не постои, со што се гарантира целосна анонимност. За да нема сомневања, целиот изворен код на системот ќе биде објавен јавно на увид на сите заинтересирани. 

Прашањата во анкетите се стандардизирани на ниво на УКИМ, како дел од процедурата за самоевалуација. 

Ве повикуваме во периодот до 31.1.2019 година да ги пополните анкетите за предметите кои сте ги слушале. Пополнетите анкети ќе бидат услов за заверка на зимскиот семестар и упис на летниот за учебната 2018/2019 година.

Ве молиме да ги анкетирате и предметите што сте ги слушале во претходните семестри, доколку ги има и не сте го направиле тоа до сега..

Ве молиме за реално оценување, како и за што поконструктивни коментари, се со цел да се подобри квалитетот на наставата, да се пофалат оние кои тоа го прават на вистинскиот начин и да се искритикуваат оние кои не го прават тоа така. 

Ви благодариме за соработката.

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Пракси во рамките на проектот InComSMEs

Почитувани,

Во рамките на проектот InComSMEs, отворени се 5 практикантски места.

За повеќе информации, кликнете на линкот www.mf.edu.mk/incomsmes.

Студенти - Тип на содржина: 
praksi

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top