Соопштенија за студенти

Покана за апликација – Стипендиска програма на германското стопанство 2022

Почитувани партнери, пријатели, соработници,

ни претставува голема чест да Ве информираме дека Одборот на германското стопанство за источните земји и Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија ја спроведуваат програмата за стипендии на Германското стопанство за 2022 година. Целта на оваа програма е да обезбеди практична работа за квалификувани кандидати од Северна Македонија во најуспешните германски компании, во период од 3 до 6 месеци. Оваа програма е поддржана од Владата на Сојузна  Република Германија, која воедно ги покрива и трошоците за спроведување на истата. Праксата во компаниите започнува на 01 јули 2022!

Во прилог Ви ги испраќаме основните податоци кои треба да бидат задоволени од потенцијалните кандидати, рокот на пријавување е заклучно до 16. ноември 2021 година на следната интернет страница:

https://www.djindjic-stipendienprogramm.de/

Студенти - Тип на содржина: 
stipendii

Прв свечен час

Почитувани студенти,

првиот час на Машинскиот факултет-Скопје ќе се одржи во петок 01.10 2021 на платото пред новата зграда на Машински факултет-Скопје (означена на мапата подолу).

Распоредот на одржување на првиот час е следен:

  1. Студентите од насоките Моторни возила, Транспорт механизација и логистика и Индустриски дизајн од 11 часот
  2. Студентите од насоките Индустриско инженерство и менаџмент, Материјали, процеси и иновации и Производно инженерство од 12 часот
  3. Студентите од насоките Автоматизација и управувачки системи, Енергетика и екологија, Термичко инженерство, Хидраулично енергетско инженерство и Мехатроника во 13 часот.

Ве молиме да се придржувате до термините , бидејќи групите се предвидени со максимално дозволен број на присутни, така што не би можеле да дозволиме мешање на термините.

При пристигнувањето во дворот на Машински факултет-Скопје ќе Ве пречекаат Менторите по соодветните насоки кои ќе носат беџови со ознаките на факултетот, личното име и насоката на која што се ментори. Тие се задолжени да Ви помогнат во ориентацијата низ кампусот.

Ве молам да не влегувате во зградите, туку по пристигнувањето да се упатите на локацијата предвидена за првиот час.

На првиот час ќе ги добиете индексите, но земајќи ја во предвид тековната ситуација со пандемијата, присуството е пожелно но нема да биде задолжително. Студентите што нема да ги подигнат индексите на првиот час ќе бидат дополнително известени за  начинот на подигање на индексите.

П.С. Ја следиме активно временската прогноза, но земајќи во предвид дека првиот час е предвиден да се одржи на отворено, не можеме со сигурност да предвидиме дека нема да заврне, поради што Ве замолуваме со Вас да си носите некаква заштита од дожд.

Со почит

Дарко Бабунски, продекан за наставна дејност

во име на

Деканатот на Машински факултет-Скопје

 

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top