ERASMUS+ СООПШТЕНИЕ 04.11.2026

КОНКУРС за мобилност на наставен кадар во рамки на програмата ЕРАЗМУС+

АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА НАСТАВЕН КАДАР

за академската 2026/2027 година

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА131 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје распишува конкурс за доделување стипендии за престој на наставен кадар на високообразовните институции во програмските држави:

  • државите членки на ЕУ;
  • државите членки на ЕФТА кои се членки и на ЕЕО (Норвешка, Исланд и Лихтенштајн);
  • Република Србија и Република Турција.

Сите потребни документи за аплицирање можете да ги најдете и на интернет-страната на УКИМ-Erasmus+ (ERASMUS+ - Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје).

Времетраење на мобилноста:

  • 3 до 5 работни дена не сметајќи го времето потребно за патување;
  • мобилноста за наставен ангажман (teaching) подразбира минимум 8 часови настава во текот на престојот.

Право на пријавување:

Наставен, соработнички и стручен кадар во редовен работен однос на УКИМ.

Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу УКИМ и универзитетите во некоја од програмските држави.

Потребни документи за мобилност на наставен кадар:

мобилност за наставeн ангажман (teaching):

мобилност за обука (training) :

Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата во три примерока до Еразмус+ координаторот на факултетот најдоцна до 11 декмври 2026 година.

Висината на стипендијата за наставен кадар изнесува 148-190 ЕУР на ден, согласно земјата   во која се престојува (Види листа на интернет-страната на Универзитетот).

Студенти - Тип на содржина: 
erasmus_plus

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top