betebet 551 Обложување Сајт Промоција. Сајтот, кој започна своите услуги во 2014 година, tipobet привлекува внимание со своите едноставни и стилски дизајн. Можете да дознаете повеќе за најновите влез адреса на Tippet обложување сајт и сите информации за tipobet yeni giriş обложување на компанијата. - - towall agario unblocked agario - - evden eve nakliyat eşya depolama

Соопштенија за студенти

Тест за стипендирање студенти од прва година

Машинскиот факултет во Скопје организира тестирање на студентите од прва година со награда стипендија на максимум еден најдобар студент од секоја студиска програма. Наградата се состои во ослободување од партиципација почнувајќи од вториот семестар до крајот на студирањето доколку се исполнат условите пропишани од страна на МФС.

Тестот се состои од 60 кратки прашања со цел да се испитаат општите познавања во областа на техничките науки. Терминот за одржување на овој тест е на 06.11.2018 година (вторник) со почеток во 16 часот во амфитеатарот на Машинскиот факултет во Скопје. Задолжително студентите да донесат индекс.

Соопштенија за студенти

Програмата за стипендии на германското стопанство за 2018 година

Одборот на германското стопанство за источните земји и Делегацијата на германското стопанство во Македонија ја спроведуваат програмата за стипендии на Германското стопанство за 2018 година. Целта на оваа програма е да обезбеди практична работа за квалификувани кандидати од Македонија во најуспешните германски компании, во период од 3 до 6 месеци. Оваа програма е поддржана од Владата на Република Германија, која воедно ги покрива и трошоците за спроведување на истата. Праксата во компаниите започнува на 01 јули 2019!

Рокот на пријавување е заклучно до 13. ноември 2018 година на следната интернет страница.

Стипендии

Соопштение за вонредна ноемвриска испитна сесија во учебната 2018/2019

Се известуваат сите студенти дека пријавувањето на испити за вонредната ноемвриска испитна сесија (за предметите од летен семестар), ќе се врши на 05.11. (понеделник) 2018 година од 12,00-14,00 часот преку шалтерите на студентската служба. ПРЕТХОДНО, ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК најдоцна до 04.11 (недела). Испитната сесија ќе се спроведе на 08.11.(четврток) 2018 година.

За секој пријавен испит потребно е да се достави уплатница во висина од 2000 денари на жиро сметка на МФС со назнака за полагање на испит.

Термините за полагање на испитите ќе бидат објавени на 07.11.2018 на web страната на МФС.

Скопје, 30.10.2018

Од Деканатот на МФС

Соопштенија за студенти

INTERNSHIP PROGRAM OF GERMAN BUSINESS 2019

Презентацијата на програмата ќе се одржи на 31.10.2018 во 16 часот, во просторијата K2-14

Официјални лица од програмата ќе одржат презентација и ќе можете да поставите прашањa за што ве интересира.

Деканат на МФС

Пракси

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.ukim.edu.mk

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top