Ottawa Online Casinos — Here is an overview of the gaming scene in this city, as well as a sneak-peek into the best online casinos in Canada.

 

Изберете една од 11-те акредитирани 4 годишни студиски  програми со што ќе се стекнете со 240 ЕКТС кредити


...

Станете Магистер по машински науки со избор на втор циклус редовни студии во девет студиски програми или вонредни студии  во шест студиски програми, во согласност со Болоњските...

Докторските студии се наша определба за образување на висококвалитетни кадри од областа на инженерството со компетенции за научно-истражувачки, развојни и иновативни активности...

Машинскиот факултет е носител на научно-истражувачката дејност од областа на машинската струка и претставува центар за развој на науката, научната мисла и примената на науката...

Машински факултет - Скопје

Тест за стипендирање студенти од прва година

Машинскиот факултет во Скопје организира тестирање на студентите од прва година со награда стипендија на максимум еден најдобар студент од секоја студиска програма. Наградата се состои во ослободување од партиципација почнувајќи од вториот семестар до крајот на студирањето доколку се исполнат условите пропишани од страна на МФС.

Тестот се состои од 60 кратки прашања со цел да се испитаат општите познавања во областа на техничките науки. Терминот за одржување на овој тест е на 06.11.2018 година (вторник) со почеток во 16 часот во амфитеатарот на Машинскиот факултет во Скопје. Задолжително студентите да донесат индекс.

Соопштенија за студенти

Соопштение за вонредна ноемвриска испитна сесија во учебната 2018/2019

Се известуваат сите студенти дека пријавувањето на испити за вонредната ноемвриска испитна сесија (за предметите од летен семестар), ќе се врши на 05.11. (понеделник) 2018 година од 12,00-14,00 часот преку шалтерите на студентската служба. ПРЕТХОДНО, ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК најдоцна до 04.11 (недела). Испитната сесија ќе се спроведе на 08.11.(четврток) 2018 година.

За секој пријавен испит потребно е да се достави уплатница во висина од 2000 денари на жиро сметка на МФС со назнака за полагање на испит.

Термините за полагање на испитите ќе бидат објавени на 07.11.2018 на web страната на МФС.

Скопје, 30.10.2018

Од Деканатот на МФС

Соопштенија за студенти

ПРЕДИЗВИК: Предлог решенија за HENK cruiser

Почитувани,

Дел од  активностите на ProjectHUB при МФС е и соработката со индустријата и нудење решенија за нивни проблеми или идеи за подобрување.

 

Во прилог е еден предизвик од сопственикот на германската компанија HENK, која изработува ултралуксузни куфери и ташни.

 

Накратко, дадени се параметрите од компанијата кои треба да ги имате во предвид.

Measures are: 55cm height, 40cm width & 20cm depth.

 

Challenge No. 1: Wheel mechanic

Target: maximum wheels ø, 2cm thick, same design like on the classic, if possible shock absorption, 360° turnable

 

Challenge No. 2: Electricity from wheels

Target: easy to roll, max. effective to get power to charge iPhone/iPad. Battery has to be retractable and to charge if needed by cable.

 

Challenge No. 3: Revolving front door

Target: mostly waterproof (Rainshower), strong enough to withstand impact, smooth sliding.

 

Challenge No. 4: Locking system activated by fingerprint (fingerprint software we have so far developed) with electromagnetic valves.

Target: small and fast reaction

 

Challenge No. 5: Security cable

Target: smaller than the existing system, durable, not easy to cut cable, 100% working without cable difficulties

 

Секој учесник (поединец или тим) за секое решение задолжително треба да испрати техничка документација (работилнички и изведбен цртеж), 3Д модел во еден од форматите (.dwg, .sldasm, .mb, .3ds), компјутерски слики од производот. Рачни скици и видео презентација се пожелни, но не и задолжителни.

За да биде позитивно оценет предлогот во првата фаза потребно е да се исполнат горните барања, предложениот производ да ги задоволува сите барања на клиентот и да може да се изработи. Позитивно оценетите предложени производи во втората фаза ќе презентираат во живо пред комисија во која ќе учествува и сопственикот на компанијата HENK.

 

За најдоброто решение од секој предизвик како награда следи подарок- луксузен производ од компанијата во вредност од 6.000 евра.

 

Иницијалното пријавување е на следниот линк .

Сите идеи, дизајни и концепти пратете ги најкасно до 09.11.2018 на tashko.rizov[at]mf.edu.mk.

 

Со испраќање на дизајните, се согласувате дека сите права му припаѓаат и остануваат на HENK DE.LUXE GmbH.

Ви посакуваме успешна работа!!!

Соопштенија за студенти

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.ukim.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top