🚀 Дали сте подготвени за нов студентски предизвик?
Со големо задоволство ви го најавуваме Project4Win, овој пат во соработка со Lear! 🔥
👉 Креирајте тим
👉 Подгответе се за тимска работа, креативност и реални предизвици
👉 Следете нè – наскоро откриваме повеќе детали
Ова е вашата шанса да покажете што знаете и да победите! 💡🏆

TEAM4WIN НАТПРЕВАР
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Машински факултет – Скопје во соработка со LEAR Corporation распишува отворен повик за учество на натпревар за развивање на инженерско решение за проблем дефиниран од страна на компанијата.
Натпреварот Team4Win e продолжување на серијата вакви натпревари кои имаат за цел да ги развијат практичните инженерски вештини на студентите, способноста за решавање на проблеми како и многу дружење, забава и нови искуства.
Повикот за пријавување на натпреварот трае до 25.02.2026 година.
Пријавувањето на натпреварот е во тимови, од најмногу 4 члена за студентите од сите студиски програми и сите години на Машинскиот факултет – Скопје. Се препорачува членовите од тимот да бидат од најмалку три различни студиски програми.
Исто како и на претходниот натпревар, трите најдобри тимови ќе бидат наградени од страна на спонзорот на натпреварот.
Пријава за учество на натпреварот TEAM4WIN
Fill in form