СООПШТЕНИЕ - ПОДИГАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Студентите запишани на прв циклус студии во прва година во академската 2023/2024 година се должни да ги подигнат оригиналните документи од претходно завршеното образование од студентската служба согласно член 158 од законот за високото образование.

Документите можат  да се подигнат во периодот од 18.10. До 27.10.2023 година преку шалтерите на студентската служба од 12.00 – 14.00 часот.

Студентите задолжително со себе да понесат индекс.

18.10.2023, од Деканатот на МФС

Соопштенија за студенти

БЕСПЛАТНИ онлајн курсеви по странски јазици

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ организира БЕСПЛАТНИ онлајн курсеви по странски јазици за студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Студентите можат за изберат некој од следниве јазици: руски, чешки, полски, хрватски, романски и унгарски јазик. Наставата на курсевите ќе се одвива во текот на 10 недели по четири часа неделно, започнувајќи од 24 октомври 2023 година.

Повеќе информации за бесплатните онлајн курсеви по странски јазици  може да се добијат на линкот:

Бесплатни онлајн курсеви по странски јазици – Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје (ukim.mk)

Програма за пракса на германското стопанство за земјите од Западен Балкан

Оваа програма овозможува платена пракса во една од водечките компании во Германија со цел студентите да ја зголемат можноста за вработување во нивната татковина. Програмата има обезбедено пракса за повеќе од 1000 студенти и неодамна дипломирани студенти во последните 20 години. Многу од нив работат назад во нивните земји каде што придонесуваат за понатамошен развој на регионот. По нивното враќање, поранешните стипендисти се вклучени во регионалната алумни мрежа која редовно им обезбедува дополнителна едукација.

За дополнителни информации ве молиме посетете ја веб-страницата: www.stipendienprogramm.org

Пракси

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top