Уписи 2025

 

СЛОБОДНИ места за ВТОРИОТ уписен рок во учебната 2025/26 на Машинскиот факултет во Скопје

ИНФОРМАЦИЈА за упис на нови студенти на Машинскиот факултет во Скопје во ВТОР уписен рок во учебната 2025/2026 година

 

РЕШЕНИЕ за прием на нови студенти ПРВ уписен рок 2025/2026 година

ПРЕЛИМИНАРНА ранг листа на кандидати во ПРВ уписен рок во учебната 2025/2026 година

По објавувањето на прелиминарната ранг-листа на кандидатите за запишување, кандидатот има право на приговор во рок од 24 часа. Во спротивно, го губи правото на приговор во натамошната постапка во поглед на објавените резултати.Приговорот се однесува само на технички пропусти - грешки направени при пресметувањето на бодовите, и се упатува до конкурсната комисија на факултетот. Решението на комисијата по приговорот е конечно. Одлуките по приговорите се објавуваат на огласна табла на факултетот.

 

ИНФОРМАЦИЈА за упис на нови студенти на Машинскиот факултет во Скопје во ПРВ уписен рок во учебната 2025/2026 година

КОНКУРС за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2025/2026 година

Леарница ЛТХ – Производител на автомобилски делови ја зголемува автоматизацијата

Леарница ЛТХ – Производител на автомобилски делови ја зголемува автоматизацијата (видео)

Поттикнување на зелен и одржлив развој
 
Преку Зеленото Финансирање од ЕИБ, македонските компании инвестираат во позелени, поодржливи активности - поттикнувајќи го и економскиот раст и Климатската Акција. Погледнете го успешниот пример на ЛТХ Леарница, финансиран од NLB Banka AD Skopje и нивниот пат кон поефикасно, продуктивно и позелено производство

Конкурс за студентска мобилност за студирање и пракса/стажирање во рамки на ЕРАЗМУС+ програмата за летниот семестар во академската 2025-2026 година

Конкурс за студентска мобилност за студирање и пракса/стажирање во рамки на ЕРАЗМУС+ програмата за летниот семестар во академската 2025-2026 година

Напомена: Студентите преку Архивата на факултетот, треба да ги достават апликациите до Еразмус+ координаторот на МФС, во 3 примероци (еден за студентот, еден за Еразмус+ координаторот и еден за Универзитетот), надоцна до:

  1. 3 октомври 2025 г. за студентските мобилности за студирање,
  2. 21 ноември 2025 г. за студентските мобилности за пракса/стажирање.

По заверувањето во Архива, Студентот и Еразмус+ координаторот задржуваат по еден примерок од апликацијата.

Соопштение за вонреден септемвриски испитен рок во учебната 2024/2025

Се известуваат студентите дека во вонредниот септемвриски испитен рок ќе може да полагаат:

  • само еден предмет од зимски или од летен семестар.

Студентот кој ќе полага во вонредниот септемвриски испитен рок, најдоцна до 16.9.2025 (вторник) до 12 часот, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се пријави (со македонска поддршка) на следниот ЛИНК

Пријавувањето на испитите за вонредниот септемвриски испитен рок ќе се врши на 16.9.2025 (вторник) од 12,00-14,00 часот, преку шалтерите на студентската служба. 
Студентот кој ќе полага во вонредниот септемвриски испитен рок, должен е да изврши уплата на 2.000,00 денари и тоа на следниот начин:

  • електронски, преку Iknow системот, во полето Документи, ја бира услугата Организација на дополнителен термин во испитна сесија, по предметна програма (предмет) МФ2024 (2.000), и го врши плаќањето on-line или 

НАПОМЕНА: Студентите кои ќе извршат online уплата нема потреба да доаѓаат физички во студентска служба, под услов ЗАДОЛЖИТЕЛНО да бидат пријавени на линкот погоре.

  • вирмански, на жиро сметка на МФС, цел на дознака за полагање на испит.

Назив на примачот: Буџет на РСМ,  Машински факултет - Скопје
Банка на примачот: НБРМ
Сметка: 100 0000000630 95
Износ: 2.000 
Сметка на буџетски корисник: 1600104278  788  11
Приходна шифра: 723019  41    Начин: 2

Термините за полагање на испитите ќе бидат објавени на web страната на МФС на 17.9.2025 година (среда).

Испитната сесија ќе се спроведе на 18.9.2025 година (четврток). 

Студентите се должни да пополнат пријава во хартиена форма и истата да ја достават до предметниот наставник на денот на испитот.


Скопје, 1.9.2025 год.                    Од Деканатот на МФС                                                                                                       

Соопштенија за студенти

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top