Повик за поддршка на студентски проекти

Повик за поддршка на студентски проекти

Комисија за студентски проекти
Машински факултет - Скопје

Комисијата за студентски проекти на Машинскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, објавува повик за поддршка на проекти за работа со студентите на Машинскиот факултет.

Избраните проекти ќе бидат финансиски и логистички поддржани од Машинскиот факултет - Скопје, а како главни извршители ќе се јават студентите во соработка со наставниот и соработничкиот кадар на факултетот.

Максимални средства кои може да бидат распределени во рамките на овој повик се 300.000 денари. Не е ограничена максимална сума по проект или минимален број на проекти.

Правилникот за избор на студентски проекти и образецот за поднесување на предлог проект можете да го најдете на следниот линк www.mf.edu.mk/studproekti

Поднесувањето на предлог проектот се врши со испраќање на пополнет и потпишан Образец А - Формулар за поднесување предлог проект на следната е-mail адреса: prodekan.nastava@mf.edu.mk и архивата на факултетот, најдоцна до 15.9.2018.

 

     Формулар за поднесување предлог проект

     Правилник за избор на студентски проекти

 

 

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.ukim.edu.mk

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top