Соопштенија за студенти

ПОКАНА ЗА ПРВ СВЕЧЕН ЧАС за студенти во прва година во учебната 2019/2020 година

Ги поканувам сите новозапишани студенти во прва година во учебната 2019/2020 година на Машински факултет во Скопје да присуствуваат на првиот свечен час кој ќе се одржи на 01 октомври 2019 година (вторник) со почеток во 12:00 часот во Амфитеатарот на Факултетот.

Со свеченоста ќе се одбележи почетокот на новата учебна година за новозапишаните студенти на Факултетот.

На студентите, во работниот дел на свеченоста според предвидената програма, ќе им бидат врачени индексите -  симболот на новостекнатиот статус на академски граѓанин.


Декан
Проф. д-р Дарко Данев, с.р.

 

Стипендии од Витаминка за студентите на Машински факултет

Витаминка доделува 2 стипендии за следните студиски програми:

  • производно инженерство;
  • материјали, процеси и иновации;
  • индустриско инженерство и менаџмент;
  • мехатроника;
  • автоматизација и управувачки системи

Кандидатите треба да ги исполнуваат критериумите од конкурсот, да покажат желба и амбиција за образување во овие области. Студентите кои ќе ги добијат стипендиите ќе бидат обврзани за редовно студирање и запишување на семестрите како и на задолжителна феријална пракса во Витаминка, во текот на летниот период во траење од најмалку 30 (триесет) дена.

Стипендијата ќе изнесува 6.000,00 денари нето на месечно ниво и ќе се исплаќа 12 месеци во годината, сметано до последниот редовен VIII (осми) семестар на додипломските студии за студентот.

Заради обезбедување на потребни учебни помагала, на секој студент/стипендист, ќе му се исплаќа и еднократен надоместок од 9.000,00 денари најдоцна до 15.10. во секоја академаска година за време на редовното студирање.

Со цел да имате време за пријавување, рокот за аплицирање е продолжен до 15.10.2019 година.

За повеќе детали, погледнете го следниот линк, http://vitaminka.com.mk/vitaminka-e-stipendira-studenti-na-mashinski-i-na-fakultetot-za-elektrotehnika-i-informaciski-tehnologii/?fbclid=IwAR3KG_noH5LQ5lZxYCmJdb8gU1jftZWIY1OOiI6tOaKGPsRjF93zhkqQl8A.

Студенти - Тип на содржина: 
stipendii

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top