TeamWin

TeamWin натпревар
 

Машински факултет – Скопје во соработка со Раде Кончар –ТЕП распишува отворен повик за учество на натпревар за развивање на концепт – инженерско решение за даден проблем. Повикот трае од 15.09.2017 до 30.09.2017 година.

Пријавувањето на натпреварот е во тимови, од 4 до 5 члена за студентите од трета и четврта студиска година (втора и трета од тригодишните студии) од Машинскиот факултет – Скопје. Членовите од тимот треба да бидат од најмалку две различни студиски програми.

Податоците потребни за пријавување вклучуваат: име на тимот, заедно со имињата и презимињата на членовите на тимот, број на индекс на секој член, студиска програма, број на запишан семестар и контакт информации (email адреса и телефон).

Пријавените тимовите ќе разработуваат концепциски решенија на проблем кој ќе биде зададен на почетокот на натпреварот и ќе ги презентираат на крајот на истиот. Трите најдобри тимови ќе бидат наградени од компанијата Раде Кончар ТЕП. Нивните решенија во соработка со стручни лица од компанијата ќе имаат можност да се произведат, а компанијата исто така ќе ги награди и парично:

 

TeamWin I место – 800 €

TeamWin II место – 500 €

TeamWin III место – 300 €

 

Натпреварот ќе започне на 02.10.2017 година со дефинирање на проблемот.

Пријавувањето е на следниот линк (https://goo.gl/forms/d4l0k3zzM8NVAW3o2).

 

 

Финалето на натпреварот TeamWin ќе се одржи во петок (27.10.2017), во холот пред читалната на факултетот, со почеток во 12 часот. Тринаесетте пријавени тимови ќе ги презентираат своите предлог решенија на темата „Дизајн на печка на пелети“, како и за слободната тема, пред комисијата составена од членови од компанијата Раде Кончар –ТЕП и Машински факултет - Скопје. Натпреварот ќе заврши со доделување на наградите од страна на Раде Кончар –ТЕП и потоа, мала забава во холот на факултетот.

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top