Теми за дипломска работа за академски студии

СООПШТЕНИЕ УКИМ

Во врска со препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, како и врз основа на препораките на Владата на Република Северна Македонија и другите овластени органи во државата, за заштита на населението од вирусот Ковид-19 и за превенција од ширење на вирусот, Централната стручна и административна служба – Ректорат на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје воведува нов времен режим на работа со странки.

Ги замолуваме сите единици во состав на УКИМ, како и сите граѓани кои имаат потреба од контакт со Ректоратот на УКИМ да не контактираат на:

02 3293 293

ukim@ukim.edu.mk

http://ukim.edu.mk/

️Сите хартиени барања и документи да се доставуваат електронски на адресите на раководителите на одделенијата:

На линкот, во менито Органи и тела на УКИМ, во подменито Стручна служба се дадени електронските адреси на сите раководители на одделенијата.

Средбите и состаноците ќе се одржуваат телефонски.

Ви благодариме на разбирањето, заедно да придонесеме во зачувување на јавното здравје!

 

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ !!!

Почитувани,

Согласно заклучоците на Комисијата за заразни болести и одлуката на Владата на Република Северна Македонија, Ве информираме дека на Машински факултет – Скопје нема да се одржува настава во следните 14 дена, почнувајќи од 11.03.2020 година

Во наредните 14 дена Ве молиме континуирано да ја следите веб-страницата на Факултетот и Вашите e-mail адреси каде што ќе бидете информирани за сите дополнителни информации кои се однесуваат на оваа одлука.

Со почит, Деканат

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ

Се замолуваат сите студенти на Машински факултет - Скопје, да постапат согласно НАСОКИТЕ НА ВЛАДАТА ЗА ИТНО ПОСТАПУВАЊЕ кои се во прилог и да ги достават бараните податоци до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

 
Со почит, Деканат
Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top