Соопштенија за постдипломци

Прелиминарна листа од втор рок уписи во учебната 2017/18

Почитувани кандидати,

На вашите I-Know профили и на web страна на Машинскиот факултет се објавени поените од средното образование и останатите ваши избори.
Ве молиме посебно внимателно да погледнете дали сте избрале квота со кофинансирање, редоследот на алтернативните студиски програми (доколку не бидете примени во програмата според првиот избор), но и дали воопшто сте одбрале програма под втор, трет и останати избори во ваков случај.

Напоменуваме, дека доколку не сте примени на ниту една од вашите избрани студиски програми, i-know системот, според условите на конкурсот, нема да ве рангира на ниедна листа.

Доколку сакате да корегирате нешто во вторите избори, квота со кофинансирање и сл, ве молиме да поднесете приговор до Комисијата за упис на факултетот пополнувајќи го урнек формуларот (ОБ 8.21) најдоцна до утре (четврток, 07.09.2017) до 12 часот во архивата на Факултетот.

Урнекот е на следниот линк.

Со почит,

Комисија за упис
Машински факултет - Скопје

 

Прелиминарна листа од втор рок уписи во учебната 2017/18

Решение за прием во прв уписен рок 2017/18

Известување за упис за студентите од Прва год.2017-18

 

Автоматизација и управувачки системи - Државна квота

Енергетика и екологија - Државна квота

Енергетика и екологија - Припадници на безбедносни сили

Индустриски дизајн - Државна квота - Кандидат чие родителско право го врши само еден родител

Индустриски дизајн - Државна квота

Индустриски дизајн - Националности

Индустриски дизајн - Приватна квота - Кандидат чие родителско право го врши само еден родител

Индустриски дизајн - Приватна квота

Индустриско инженерство и менаџмент  - Државна квота - Кандидат чие родителско право го врши само еден родител

Индустриско инженерство и менаџмент  - Државна квота

Материјали, процеси и иновации - Државна квота

Мехатроника - Државна квота

Моторни возила - Државна квота - Кандидат чие родителско право го врши само еден родител

Моторни возила - Државна квота

Моторни возила - Нерангирани

Моторни возила - Приватна квота - Кандидат чие родителско право го врши само еден родител

Моторни возила - Приватна квота

Производно инженерство - Државна квота

Термичко инженерство - Државна квота

Транспорт, механизација и логистика - Државна квота

Хидраулично енергетско инженерство - Државна квота

Информација за индекси и студентски легитимации за прва година 2017/18

ИНДЕКСИТЕ И СТУДЕНТСКИТЕ ЛЕГИТИМАЦИИ

ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ ЌЕ СЕ ЗАПИШАТ ВО I год. ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 год.,

ЌЕ СЕ ДОДЕЛУВААТ БЕСПЛАТНО ОД СТРАНА НА

УНИВЕРЗИТЕТОТ “СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ.

ИСТИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ ПОДИГНАТ ВО СТУДЕНТСКАТА СЛУЖБА.

TeamWin

TeamWin натпревар
 

Машински факултет – Скопје во соработка со Раде Кончар –ТЕП распишува отворен повик за учество на натпревар за развивање на концепт – инженерско решение за даден проблем. Повикот трае од 15.09.2017 до 30.09.2017 година.

Пријавувањето на натпреварот е во тимови, од 4 до 5 члена за студентите од трета и четврта студиска година (втора и трета од тригодишните студии) од Машинскиот факултет – Скопје. Членовите од тимот треба да бидат од најмалку две различни студиски програми.

Податоците потребни за пријавување вклучуваат: име на тимот, заедно со имињата и презимињата на членовите на тимот, број на индекс на секој член, студиска програма, број на запишан семестар и контакт информации (email адреса и телефон).

Пријавените тимовите ќе разработуваат концепциски решенија на проблем кој ќе биде зададен на почетокот на натпреварот и ќе ги презентираат на крајот на истиот. Трите најдобри тимови ќе бидат наградени од компанијата Раде Кончар ТЕП. Нивните решенија во соработка со стручни лица од компанијата ќе имаат можност да се произведат, а компанијата исто така ќе ги награди и парично:

 

TeamWin I место – 800 €

TeamWin II место – 500 €

TeamWin III место – 300 €

 

Натпреварот ќе започне на 02.10.2017 година со дефинирање на проблемот.

Пријавувањето е на следниот линк (https://goo.gl/forms/d4l0k3zzM8NVAW3o2).

 

 

Финалето на натпреварот TeamWin ќе се одржи во петок (27.10.2017), во холот пред читалната на факултетот, со почеток во 12 часот. Тринаесетте пријавени тимови ќе ги презентираат своите предлог решенија на темата „Дизајн на печка на пелети“, како и за слободната тема, пред комисијата составена од членови од компанијата Раде Кончар –ТЕП и Машински факултет - Скопје. Натпреварот ќе заврши со доделување на наградите од страна на Раде Кончар –ТЕП и потоа, мала забава во холот на факултетот.

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top