Соопштенија за постдипломци

Стипендии од Витаминка за студентите на Машински факултет

Витаминка доделува 2 стипендии за следните студиски програми:

  • производно инженерство;
  • материјали, процеси и иновации;
  • индустриско инженерство и менаџмент;
  • мехатроника;
  • автоматизација и управувачки системи

Кандидатите треба да ги исполнуваат критериумите од конкурсот, да покажат желба и амбиција за образување во овие области. Студентите кои ќе ги добијат стипендиите ќе бидат обврзани за редовно студирање и запишување на семестрите како и на задолжителна феријална пракса во Витаминка, во текот на летниот период во траење од најмалку 30 (триесет) дена.

Стипендијата ќе изнесува 6.000,00 денари нето на месечно ниво и ќе се исплаќа 12 месеци во годината, сметано до последниот редовен VIII (осми) семестар на додипломските студии за студентот.

Заради обезбедување на потребни учебни помагала, на секој студент/стипендист, ќе му се исплаќа и еднократен надоместок од 9.000,00 денари најдоцна до 15.10. во секоја академаска година за време на редовното студирање.

Со цел да имате време за пријавување, рокот за аплицирање е продолжен до 15.10.2019 година.

За повеќе детали, погледнете го следниот линк, http://vitaminka.com.mk/vitaminka-e-stipendira-studenti-na-mashinski-i-na-fakultetot-za-elektrotehnika-i-informaciski-tehnologii/?fbclid=IwAR3KG_noH5LQ5lZxYCmJdb8gU1jftZWIY1OOiI6tOaKGPsRjF93zhkqQl8A.

Студенти - Тип на содржина: 
stipendii

Информации за запишување на втор циклус на студии - академска 2019/2020 година

Решенија за прием на кандидати на втор циклус во втор уписен рок, 2019/20

 

Решенија за прием на кандидати на втор циклус во прв уписен рок, 2019/20

 

КОНКУРС за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2019/2020 година (ИЗМЕНИ ВО РОКОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ)

РАБОТЕН КАЛЕНДАР за втор циклус за ЗИМСКИ семестар во академската 2019/20 година

РАБОТЕН КАЛЕНДАР за втор циклус за ЛЕТЕН семестар во академската 2019/20 година

КОНКУРС за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2019/2020 година

РОКОВИ, УСЛОВИ И ДОКУМЕНТИ за пријавување и запишување на втор циклус студии во академската 2019/2020 година (прв уписен рок)

ИЗЈАВА за согласност

ИЗЈАСНУВАЊЕ на кандидатите за ментор на втор циклус на студии во академската 2018/2019 година

ЛИСТА на предмети за студенти

Постдипломци - Тип на содржина: 
Соопштенија за постдипломци

СООПШТЕНИЕ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат  студентите на Машинскиот факултет во Скопје дека, согласно член 92 став 2 од Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје - (Универзитетски гласник број 417, 29 јануари 2019 година), Пријавите за испит и обрасците за запишување и за заверка на семестар не подлежат на административна такса.

Скопје, 21.08.2019, МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ

Отворен ден на УКИМ

Драги матуранти, наши идни студенти,
 
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 22 Август ве кани на манифестацијата „Отворен ден“. Настанот ќе се одржи на градскиот плоштад "Македонија" во период од 18 до 22 часот.
 
На Манифестацијата ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, ќе се презентираат активностите од студентите, центрите за кариера, алумни асоцијацијата на УКИМ.
 
Настанот ќе биде збогатен со богата уметничка програма:
18,00 часот – програма на студентите на Факултетот за музичка уметност, проследена со видео презентација на единиците на УКИМ и со филмот подготвен по повод 70-годишнината на Универзитетот
19,00 часот – дефиле на учесниците на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал и Етно фестивал на солидарноста
20,00 часот – настап на фолклорните групи.
 
Во текот на целиот настан ќе биде овозможено on-line регистрирање на кандидатите заинтересирани за запишување  во I-know системот со набавка на потребните пријавни листови.

ГОЛЕМ УСПЕХ НА МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ОЛИМПИЈАДА

На Меѓународната студентска олимпијада за проектирање на технологии за обработка со обликување за 2019 година, нашиот студент Ташули Талески, од насоката Производно инженерство при Институтот за производно инженерство и менаџмент на Машинскиот факултет во Скопје, го освои првото место.

Олимпијадата се организира од 2015-та година под покровителство на QuantorForm Ltd., производител на специјализиран софтвер за нумерички симулации за технологии на обработка со обликување. На натпреварот учествуваат над 40 универзитети со технички факултети на кои се изучуваат технологии за обработка со обликување.

https://www.qform3d.com/files_com/images/Task_execution_plan_2019_0.png

Секоја година студентите-учесници добиваат задача, за готов производ да проектираат соодветна технологија и алат, и направат верификација на предложената технологија со компјутерска симулација на деформацијата на работното парче, користејќи го софтверот  QForm. Оваа година, задачата беше реален проблем подготвен од германската компанија KB Schmiedetechnik.   Нашиот колега, Ташули Талески, под менторство на асистент м-р Огнен Тутески во конкуренција од 139 учесници од 14 различни земји го изработи најдоброто решение и го освои првото место на натпреварот.

 

Извор: https://kb-schmiedetechnik.de/konstruktion.html

 

Олимпијадата се реализира во исто време за сите учесници, и тоа  во 2 фази:

  1. Натпревар на национално нивоСтудентите од Македонија се натпреваруваат меѓу себе со цел да се избере победничкиот извештај кој се испраќа за интернационално оценување.
  2. Натпревар на интернационално ниво. Сите победнички извештаи од државите кои учествуваат се испраќаат до интернационалната научна комисија за оценување составена од експерти од областа од 14 различни држави. Секој член на комисијата ги бира 3те најдобри извештаи кои соодветно добиваат бодови.

https://www.qform3d.com/files_com/images/results_2019.jpg

Институтот за производно инженерство и менаџмент со катедрата за технологии на обликување со пластични деформации, веќе 3 години се локални организатори на овој настан на кој учествуваат студенти од Машинскиот факултет во Скопје. Проектирањето на технологиите за обработка со обликување, конструкцијата на алатите и нумеричките анализи кои се неопходни за валидација на резултатите се опфатени во повеќе наставни предмети од студиските планови на Институтот и Катедрата. Студентите на Машинскиот факултет во изминативе три години учество на Олимпијадата, во голема конкуренција, заземале некое од  првите три места. Во 2017-та првиот учесник, Благоја Несторовски, го освои второто место, Ане Китаноска во 2018-та година го освои третото место, а оваа година Ташули Талески беше победник на натпреварот. Навистина се гордееме со успехот на нашите студенти и се надеваме дека овој тренд ќе продолжи и во иднина.

    

                 2017                                     2018                                         2019

 

Линкови:

 

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top