Соопштенија за постдипломци

ПОСЕТА НА КОГЕНЕРАТИВНА ТЕРМОЕНЕРГЕТСКА ПОСТРОЈКА ТЕ-ТО АД СКОПЈЕ

На ден 29.12.2023 година студентите на студиската програма Енергетика и екологија (ЕЕ) и Автоматизација и управувачки системи (АУС) на прв циклус студии, трета година на студии, направија посета на когенеративната постројка ТЕ-ТО АД Скопје.

Посетата беше организирана од страна на професор д-р Ристо Филкоски и асистент м-р Моника Улер-Зефиќ, а реализирана од страна на Сашо Димковски, оперативен извршен директор во ТЕ-ТО, дипломиран машински инженер. Тој одржа сеопфатна презентација за компанијата, претставувајќи ја историјата на проектот, карактеристиките на технологијата на комбинираниот циклус, давајќи увид во термодинамичките циклуси и опремата на постројката што се користи за производство на електрична и топлинска енергија. Студентите имаа можност да прошетаат на локацијата, да ја погледнат опремата во реалноста, со цел надополнување на теоретското заење кое го имаат стекнато во текот на студиите и стекнување искуство во индустриски капацитети. Исто така, тие беа воведени во начинот на мониторирање на работата на постројката преку SCADA системот со кој се прави моментално и континуирано следење на параметрите и перформансите на постројката, системите за безбедност и заштита на опремата, системите за мерење на емисии во воздухот.

ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје

Драги матуранти, наши идни студенти!

ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 1 декември 2023 во периодот од 10-12 часот и 12-14 часот, со физичко присуство на секој од факултетите

Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.

Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности...

Прошетајте низ факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните физички капацитети, амфитеатри, лаборатории...

Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!

Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје!

Се гледаме на 1 декември!!!

 

Избори 2023 година

Одлука за избор на членови и претседател на ФСС - МФС

Првични резултати од изборите за избор на членови и претседател на ФСС на МФС, одржани на 20 декември 2023 година

Одлука за констатирање кандидати за избор на членови и претседател на ФСС

Процедура за гласање

Упатство за спроведување избори 2023

ИЗЈАВА за кандидатура за ЧЛЕН на Факултетското студентско собрание на Машинскиот факултет во Скопје

ИЗЈАВА за кандидатура за ПРЕТСЕДАТЕЛ на Факултетското студентско собрание на Машинскиот факултет во Скопје

ПРИЈАВА - ПРЕДЛОГ на кандидат за ЧЛЕН на Факултетското студентско собрание на Машинскиот факултет во Скопје

ПРИЈАВА - ПРЕДЛОГ на кандидат за ПРЕТСЕДАТЕЛ на Факултетското студентско собрание на Машинскиот факултет во Скопје

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ за изборите за членови и претседател на Факултетско студентско собрание на Машинскиот факултет во Скопје

СООПШТЕНИЕ за термини за предлагање на кандидатите за членови и Претседател на Факултетското студентско собрание на собири по студиски програми

Одлука за распишување избори за членови на Факултетското студентско собрание

Одбележување на меѓународниот ден на студентите

ПОКАНА ЗА НАСТАН - Одбележување на меѓународниот ден на студентите

 

Локација: Студентски Културен Центар (Палата Кузман) - Мптрополит Теодосиј Гологанов 36, Скопје

Датум 16.11.2023 Почеток 18:00


Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скапје, ве поканува на настанот - Одбележување на меѓународниот ден на студентите - кој ќе се одржи во Студентски Културен Центар при УКИМ со почеток во 18:00.

Настанот е предвиден да започне со поздравни обраќања на Претседателат на Универзитетското Студентско Собрание, Александар Николовски, Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова и досегашната в.д. претседателка на УСС, Савче Ѓошева.

На настанот ќе бидат присутни студенти од сите Факултети на Универзитетот, кои низ просториите на Културниот центар, на штандови ќе претстават дел од стекнатите вештини и знаења во процесот на студирање, се со цел поголемо вмрежување на студентите на сите факултети, спознаваt-ве на нови знаења и проширување на хоризонтите.

Присутни на настанот ќе бидат и претставници од Клубот на млади пратеници, претставници од Владата задолжени за водење на младинските политики, Министеството за образование и наука, Националниот младински совет, Сојузот на средношколци, претставници од останатите Универзитетски собранија и невладините организации кои ја поддржуваат работата на УСС - УКИМ.

Ве очекуваме заедно да го одбележиме Меѓународниот ден на студентите!

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top