Лимак стипендии и менторска поддршка

На ден 20.02.2024г (вторник) со почеток во 14:00 часот во училница К2-14 во новата зграда на вториот кат, претставници на групацијата Лимак ќе одржат презентација на иницијативата GEG и ќе ги претстават можностите за парични стипендии и менторска поддршка на студентките од  Машинскиот факултет.

Групацијата Лимак веќе втора година ја спроведува иницијативата Global Engineer Girls (GEG) во Македонија,

Oсновна мисија на GEG иницијативата е да обезбеди ефективна поддршка за девојките и младите жени кои сакаат да бидат инженери да стекнат соодветно практично искуство и да изградат кариера во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката, позната како СТЕМ област.

За да ја исполни оваа мисија, GEG North Macedonia ќе обезбеди стипендии за девојки кои се запишале и студираат на инженерски факултети на државните универзитети во земјава. Дополнително, GEG ќе обезбедува и програми за менторство и развој на дигитални и меки вештини, како и можности за практикантска работа за младите жени - инженери.  

Целта на овие активности е да се намали постојниот родов јаз во СТЕМ областа во земјава, со тоа што ќе се зголеми учеството на жените во овие сектори и занимања кои историски се доминирани од мажите.

Аплицирајте на линкот и станете и Вие дел од GEG.

Стипендии

Натпревар: „НАЈДОБАР БИЗНИС КОНЦЕПТ ЗА ЗЕЛЕНИ ИНОВАЦИИ - 2024“

Почитувани,
Центарот за извонредност во зелени иновации, Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење, заедно со партнерите Македонија2025 и Халкбанк АД Скопје, а поддржано од проектите GREENOVET и WBC-RRI.NET Embedding RRI in Western Balkan Countries со големо задоволство го организираат натпреварот за „НАЈДОБАР БИЗНИС КОНЦЕПТ ЗА ЗЕЛЕНИ ИНОВАЦИИ - 2024 година“ за учениците од сите средните училишта во нашата држава.

Со цел да им помогнеме на сите наставници-ментори да ги надградат своите знаења и вештини и да ги водат своите ученици при развој на зелени бизнис решенија, организаторите на Натпреварот ги покануваат наставниците ментори на еднодневна обука за развој на бизнис концепт за зелени иновации, која ќе се одржи на 17.02.2024 (сабота) во просториите на Машинскиот факултет.
За таа цел, Ве покануваме да се пријавите за учество на обуката на следниот линк. Пријавувањето трае до 15.02.2024 година.

Финалниот натпревар ќе се одржи на 23.03.2024 (сабота) во просториите на Машинскиот факултет во Скопје (амфитеатар) и истиот ќе се одвива на англиски јазик. Правилата за учество на натпреварот можете да ги најдете на следниот линк

Рокот за испраќање на апликациите е до 11.03.2024 (понеделник) до 24:00 часот.

Нашите партнери Македонија 2025 и Халкбанка ќе обезбедат пригодни награди за најдобрите тимови.

Дополнителен мотив за учество во натпреварот е наградата која е обезбедена од проектот GREENOVET преку кој за првопласираниот тим е обезбедено учество на меѓународниот натпревар за зелени иновации кој ќе се одржи во Грац, Австрија во периодот од 15-19 април 2024 година.

Ве очекуваме!

Соопштенија за студенти

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top