КОНКУРС за мобилност на наставен кадар во рамки на програмата ЕРАЗМУС+
АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА НАСТАВЕН КАДАР
за академската 2026/2027 година
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА131 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје распишува конкурс за доделување стипендии за престој на наставен кадар на високообразовните институции во програмските држави:
- државите членки на ЕУ;
- државите членки на ЕФТА кои се членки и на ЕЕО (Норвешка, Исланд и Лихтенштајн);
- Република Србија и Република Турција.
Сите потребни документи за аплицирање можете да ги најдете и на интернет-страната на УКИМ-Erasmus+ (ERASMUS+ - Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје).
Времетраење на мобилноста:
- 3 до 5 работни дена не сметајќи го времето потребно за патување;
- мобилноста за наставен ангажман (teaching) подразбира минимум 8 часови настава во текот на престојот.
Право на пријавување:
Наставен, соработнички и стручен кадар во редовен работен однос на УКИМ.
Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу УКИМ и универзитетите во некоја од програмските држави.
Потребни документи за мобилност на наставен кадар:
мобилност за наставeн ангажман (teaching):
мобилност за обука (training) :
Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата во три примерока до Еразмус+ координаторот на факултетот најдоцна до 11 декмври 2026 година.
Висината на стипендијата за наставен кадар изнесува 148-190 ЕУР на ден, согласно земјата во која се престојува (Види листа на интернет-страната на Универзитетот).