Се известуваат студентите дека во вонредниот септемвриски испитен рок ќе може да полагаат:
- само еден предмет од зимски или од летен семестар.
Студентот кој ќе полага во вонредниот септемвриски испитен рок, најдоцна до 16.9.2025 (вторник) до 12 часот, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се пријави (со македонска поддршка) на следниот ЛИНК
Пријавувањето на испитите за вонредниот септемвриски испитен рок ќе се врши на 16.9.2025 (вторник) од 12,00-14,00 часот, преку шалтерите на студентската служба.
Студентот кој ќе полага во вонредниот септемвриски испитен рок, должен е да изврши уплата на 2.000,00 денари и тоа на следниот начин:
- електронски, преку Iknow системот, во полето Документи, ја бира услугата Организација на дополнителен термин во испитна сесија, по предметна програма (предмет) МФ2024 (2.000), и го врши плаќањето on-line или
НАПОМЕНА: Студентите кои ќе извршат online уплата нема потреба да доаѓаат физички во студентска служба, под услов ЗАДОЛЖИТЕЛНО да бидат пријавени на линкот погоре.
- вирмански, на жиро сметка на МФС, цел на дознака за полагање на испит.
Назив на примачот: Буџет на РСМ, Машински факултет - Скопје
Банка на примачот: НБРМ
Сметка: 100 0000000630 95
Износ: 2.000
Сметка на буџетски корисник: 1600104278 788 11
Приходна шифра: 723019 41 Начин: 2
Термините за полагање на испитите ќе бидат објавени на web страната на МФС на 17.9.2025 година (среда).
Испитната сесија ќе се спроведе на 18.9.2025 година (четврток).
Студентите се должни да пополнат пријава во хартиена форма и истата да ја достават до предметниот наставник на денот на испитот.
Скопје, 1.9.2025 год. Од Деканатот на МФС