Ѓерасимовски Александар

Фотографија: 
Академски ранг: 
Доцент
Основни податоци
E-mail: 
aleksandar.gerasimovski@mf.edu.mk
Биографија
Биографија: 

Образование:

2013 – 2017

дипломиран машински инженер, Машински факултет - Скопје

2017 – 2018

магистер по машински науки, Машински факултет - Скопје

2019 - 2022

доктор по технички науки, Машински факултет - Скопје

 

Вработување:

03/2018 – 08/2018

инспектор за мерење на емисии од стационарни извор
ЕУРОМАК КОНТРОЛ, Скопје

12/2018 – 05/2024

асистент, Инстутут за термичко инженерство
Машински факултет - Скопје

06/2024 – сега

доцент, Инстутут за термичко инженерство
Машински факултет - Скопје

 

Научен интерес:

Ладилна техника / Компресори / Компресорско – ејекторски полигенеративни системи / ISO 50001 Energy management systems

 

Биографија:

Работам на Машинскиот факултет од декември 2018 година, кога ја започнав својата кариера како асистент на Институтот за Термичко Инженерство. Пред тоа работев во консултантска компанија како инспектор за мерење на емисиите на отпадни гасови од големи стационарни извори (котли и печки).

Мојата работа на факултетот е насочена кон ладилилна техника, компресори, енергетска ефикасност на термичките системи, греењето, вентилацијата, климатизацијата и ладењето (HVAC&R), како и заштитата на животната средина.

Предавам повеќе предмети на две студиски програми – Термичко и енергетско инженерство и Енергетика и екологија:

  • Ладилилна техника
  • Компресори и системи 
  • Технички гасови и компресорски станици
  • Термички мерења

Активно објавувам и презентирам научни истражувања од областа на термичкото инженерство, одржливите енергетски системи и енергетската ефикасност.

Во рамките на Инситутот за Термичко Инженерство распределен сум како раководител на лабораторијата за ладилна техника. Од 2019 година континуирано сум ментор на студенти од прва година, обезбедувајќи им академска поддршка и помагајќи им при преминот кон индустријата преку пронаоѓање соодветни можности за практикантска работа и вработување.

Исто така, соработувам со компании од индустријата при имплементацијата на ISO 50001 – Системи за управување со енергијата.

Мојата академска кариера и стручноста во областа на термичките системи и машинството придонесоа кон воспоставување силна соработка со ISO – Меѓународната организација за стандардизација.

Ангажиран сум во проектот S4S – Standards for Sustainability („Стандарди за одржливост“), чија цел е да го поддржи спроведувањето на стандардите во земјите во развој преку обезбедување обуки за националните тела за стандардизација и локалните засегнати страни за примена на конкретни стандарди – во мојот случај, ISO 50001 – Системи за управување со енергијата.

Член сум на националните технички комитети ТК 8 – Топлински карактеристики на зградите, каде што сум претседател, и ТК 9 – Управување со квалитет, животна средина и ризици. Исто така, член сум на меѓународниот технички комитет ISO/TC 301 – Управување со енергијата и заштеди на енергија. Воедно, ја претставувам мојата земја, Македонија, во мрежата ISO Climate Champions Network.

 

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top