TIMES 2017 на МФС

TIMES е турнир (натпревар) по менаџмент и инжинерски вештини каде се решаваат студии на случаи. Тоа е водечки проект на студентската организација ESTIEM. Овој проект е за прв пат успешно организиран во 1994 на ниво на цела Европа, со поддршка од различни универзитети и компании. Годишно се натпреваруваат 350 тимови, каде во секој тим има по 4 студенти кои се дел од својата локална група на ESTIEM. Секоја година се одржуваат 72 локални квалификации, 8 полуфиналиња и 1 финале кои се организираат ширум Европа.
Нашата локална група успешно го организираше овој настан на 31.01.2017 година со почеток во 10:30 часот. Дел од овој настан оваа година земаа осум студенти кои беа поделени во два тима по четворица. Иако и двата тима дадоа се од себе, на крајот победи само еден. Пред да се одбере кој е победникот тие имаа по 3 ипол часа да го сработат случајот, а потоа истиот тој да го образложат и испрезентираат во рок од 10 минути пред тричлената комисија  која ја сочинуваа професорите од нашата катедра ИИМ: Бојан Д. Јовановски, Роберт Миновски и Радмил Поленаковиќ. Благодарение на нив и добрата организација по 5 часа се прогласи победничкиот тим кој оваа година ќе го претставува нашиот факултет и локална група во Брисел на 03.03.2017 - 07.03.2017.

Честитки до нашите студенти Константин Кузмановски, Трајанка Мицкоска, Тиана Скендеровска, Симона Пеовска.

Фотографии од настанот

Многу успех на полуфиналето и да одиме до финале и до освојување на T.I.M.E.S. 2017!
Сара Ибрахим
Претседател на Локалната група Скопје

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.ukim.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top