Конкурс за студентска мобилност за студирање и пракса/стажирање во рамки на ЕРАЗМУС+ програмата за летниот семестар во академската 2025-2026 година

Конкурс за студентска мобилност за студирање и пракса/стажирање во рамки на ЕРАЗМУС+ програмата за летниот семестар во академската 2025-2026 година

Напомена: Студентите преку Архивата на факултетот, треба да ги достават апликациите до Еразмус+ координаторот на МФС, во 3 примероци (еден за студентот, еден за Еразмус+ координаторот и еден за Универзитетот), надоцна до:

  1. 3 октомври 2025 г. за студентските мобилности за студирање,
  2. 21 ноември 2025 г. за студентските мобилности за пракса/стажирање.

По заверувањето во Архива, Студентот и Еразмус+ координаторот задржуваат по еден примерок од апликацијата.

Една апликација треба да ги содржи следниве документи: 

  • пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
  • уверение за положени испити на македонски јазик;
  • уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ-универзитетот, издадена од признат центар/школа за странски јазици;
  • уверение за редовен студент - запишан семестар/година (на македонски јазик);
  • кратка биографија (Europass model);
  • мотивациско писмо.

Задолжително:

За студентска мобилност за студирање:

  • договор за студирање (Learning Agreement for studies), во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, Еразмус+ координаторот од матичниот факултет и  факултетот во странство (минимум 20 ЕКТС- максимум 30 ЕКТС).

За студентска мобилност за пракса/стажирање:

  • договор за пракса/стажирање (Learning Аgreement for Traineeship);
  • покана (Invitation Letter) од институцијата/организацијата/компанија/претпријатие) во која ќе се одвива праксата/стажирањето.

Во прилог, се линковите кон формуларот за пријавување Student Application Form, урнек на договорот за студирање (Learning Agreement for studies) и Europass CV model.

Факултетот/институтот прави ранг-листа на пријавените кандидати согласно со критериумите (успех во студиите, познавање на странски јазик на кој се изведува наставата на универзитетот во ЕУ, мотивација, итн.).

Универзитети каде може да се аплицира се оние кај кои  рокот за номинирање за летниот семестар во академската 2025/2026 година е по 14 октомври 2025 година

Сите дополнителни информации и формулари за пријавување и листа на потпишани Еразмус+ се достпни на интернет-страницата на Универзитетот под: Меѓународна сорабитка – Еразмус+ мобилности – ERASMUS+ - Документи за студентска мобилност (https://ukim.edu.mk/studenti/studentski-mobilnosti/erazmus/).

За дополнителни информации и поддршка, обратете се во Одделението за меѓународна соработка или на е-адресата: international@ukim.edu.mk

или

За дополнителни информации, приклучете се во тимот на Машински факултет – Скопје за Еразмус+ мобилности преку следниот линк

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top