Информација за студентска програма INNO-SAE 2019

ПОКАНА
 
Центарот за трансфер на технологии и иновации - ИНОФЕИТ ќе спроведе студентска програма Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE 2019) за поддршка на иновациите кај студентите на УКИМ. Идејата е студентите да работат на иновативни идеи кои може да доведат до развој на прототип и да им помогнат во развивање на нивните претприемнички вештини. Напоменувам дека програмата е замислена да биде отворена за сите студенти на УКИМ и ќе поддржи оригинални идеи со акцент на мултидисциплинарност односно посебно ќе се вреднуваат тимови формирани од студенти од различни единки на УКИМ кои нудат решенија за поинтелигентни опкружувања и апликации во иднина.
 
Повеќе детали за програмата може да се најдат на:
 
Сите заинтересирани се поканети на отворените денови на програмата INNO-SAE 2019 кои ќе се одржат на 29.03.2019 и 16.04.2019 во 17 часот во просториите на ИНОФЕИТ кадешто ќе бидат детално објаснети условите, очекувањата и самиот тек на натпреварот.
 
Со почит,
Проф. д-р Димитар Ташковски
Декан на ФЕИТ
Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top