Ден за кариерен развој 11.05.2023

Почитувани,

Во прилог Ви ја доставуваме агендата на настанот ,,Ден за кариерен развој“, што  ќе се одржи на 11.05.2023 со почеток од 12:00 до 16:00 часот на Техничкиот кампус на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје (голем паркинг кај ФЕИТ и Машински факултет).

Настанот е во организација на Центарот за кариера на УКИМ, а во насока на унапредување на вештините и насочување на студентите во нивниот понатамошен кариерен развој.

На настанот ќе учествуваат 30 етаблирани компании од земјава и странство кои на студентите ќе ги презентираат своите можности за вработување и практикантство за време и по завршувањето на студиите. Со свои штандови ќе се претстават: Алкалоид, Филип Морис ТКП, Џонсон Мети, Реплек, Зегин, Јака Нова, Маркарт Македонија, ИГМ Трејд, Van Hool, Вабтек МЗТ, НЛБ банка, ПроКредит Банка, Шпаркасе Банка, Рудник САСА, Синцеритас, Микросам Прилеп, 42 Dynamics, Аспект, ИТХР Македонија, Макстил, Цеметарница Усје, Раде Кончар ТЕП, Жито Лукс, Окта, Технопериа, Адиент, ЛТХ Леарница, IT-Labs, АСК, Thrivity.

Програмата е надополнета со едукативни сесии што ќе донесат дополнителна вредност за студентите посетители. Фокусот е на теми што имаат за цел да го олеснат процесот на преминување од академската во бизнис средината.

На настанот, студентите ќе можат да креираат професионално CV со кое ќе можат веднаш да аплицираат на штандовите на компаниите.

Исто така, ќе биде овозможено и кариерно советување и насочување од страна на Асоцијацијата на кариерни советници.

IT-Labs на настанот ќе ја претстават апликацијата за учење на знаковен јазик SignTalks - едукативна апликација за полесно и поефикасно учење на знаковен јазик со помош на вештачка интелигенција, а секој од учесниците/посетителите ќе може да допринесе за развој на базата преку снимање на видеа како се прават знаците.

За време на настанот за доброто расположение ќе се погрижи Dj Јанко, а ќе биде организирана и зона за освежување поддржана од Пивара Скопје.

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top