Летна школа за енергетски заедници

Од 28 септември до 2 октомври 2026 година, на Машинскиот факултет во Скопје се одржа Летна школа за енергетски заедници во рамки на Erasmus+ проектот ENERGET (Empowering next-gen energy leaders for a green energy transition), чиј координатор е факултетот. Учествуваа студенти и експерти од Македонија, Полска, Босна и Херцеговина, Грција и Швајцарија.
Програмата беше интердисциплинарна, обединувајќи теми од обновливи извори и складишта на електрична енергија, моделирање на побарувачка и потрошувачка, како и правни, финансиски, еколошки и општествени аспекти на енергетските заедници. Преку предавања и практична работа во меѓународни тимови, учесниците анализираа различни енергетски сценарија и разработија предлози за реални подрачја и објекти, со внимание на граѓанското учество и правичната распределба на придобивките.
Школата заврши со презентации на предлозите и доделување сертификати. Собраните искуства и добиениот фидбек ќе придонесат за унапредување на предметот за енергетски заедници што се развива во рамки на проектот.
 
 
 
 
 

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top