Теми за диплмска за стар наставен план

Повик за платена научна пракса на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија

Почитувани,

 Министерството за образование и наука се обрати до Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за споделување на Повик за платена научна пракса на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.

За таа цел, во прилог Ви испраќам содржина за споделување на веб-страницата на Вашата единица.

Содржината на текстот кој треба да се сподели на веб-страниците на Вашата единица, е следна:

 Повик за платена научна пракса на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија

Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC) нуди платенa научнa пракса за научни практиканти. Подетални информации, профил на кандидати и критериуми се достапни во Анекс I во следниов линк за апликација.

За практикантствата што почнуваат во март 2026 година, JRC овозможува учество на околу педесет (50) научни практиканти, во различни тематски области како здравство, индустрија и вселена, природни ресурси, мобилност, граѓанска безбедност за општеството, животна средина и климатски промени, нуклеарна безбедност и сигурност, управување со кризи, дигитална трансформација и податоци, сајбер безбедност, вештачка интелигенција итн.

Местото на пракса може да биде едно од следниве локации на JRC: Гел (Белгија), Испра (Италија), Карлсруе (Германија), Петен (Холандија) или Севиља (Шпанија).

Лицата кои ќе аплицираат на Повикот потребно е да пратат потврда за својата апликација на следната e-mail адреса: n.p.kostovska@ukim.edu.mk

Саем за пракса и вработување TECHMECH 2025

Успешно заврши саемот за пракса и вработување TECHMECH 2025
 
На 8 и 9 октомври 2025 година, во просториите на Машинскиот факултет – УКИМ, се одржа дводневниот Саем за пракса и вработување TECHMECH 2025, во организација на Факултетското студентско собрание на Машинскиот факултет, Машинскиот факултет приУКИМ, Центарот за кариера при УКИМ, ЦИЗИ и ЦИРКО.
 
Настанот и оваа година ја оправда својата цел – да ги поврзе студентите со индустријата и да создаде простор за размена на знаење, искуства и можности.
 
Во рамките на TECHMECH 2025 учество земаа 25 компании партнери од различни сектори: Adient, Alkaloid, Amphenol, Draxlmaier, Fero Invest, Gentherm, Gerresheimer, Halkbank AD Skopje, Inter Construction, Johnson Matthey, Kentaur Impex, LEAR Corporation, LTH, MAN, Mikrosam, OKTA AD, PwC, Rade Končar TEP, Road Legends, Pivara Skopje AD, Telamon, Triglav Osiguruvanje, Vardar Dolomit, VDL Van Hool и Wabtec.
 
Посебна благодарност беше упатена до златните партнери: Road Legends, Mikrosam, LTH, Gerresheimer, VDL Van Hool, Fero Invest, Draxlmaier и Triglav osiguruvanje.
 
Покрај изложбениот дел, TECHMECH 2025 понуди богата програма со две панел дискусии и три работилници, на кои студентите имаа можност да стекнат практични знаења, да слушнат инспиративни приказни и да се запознаат со реалните инженерски процеси во компаниите.
 
Саемот беше посетен од голем број студенти од целиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои имаа можност да се запознаат со можностите за пракса, програми за млади инженери и потенцијални вработувања.
 
Благодарение на заедничката енергија на студентите, професорите и компаниите, TECHMECH 2025 уште еднаш покажа дека кога универзитетската заедница и индустријата соработуваат – добива целото општество

Уписи 2025

 

РАБОТЕН КАЛЕНДАР за прв циклус за зимскиот семестар во академската 2025/2026 година

 

КОНЕЧНА ранг листа на кандидати во ТРЕТ уписен рок во учебната 2025/2026 година

КОНЕЧНА ранг листа на кандидати во ВТОР уписен рок во учебната 2025/2026 година

ПРЕЛИМИНАРНА ранг листа на кандидати во ВТОР уписен рок во учебната 2025/2026 година

По објавувањето на прелиминарната ранг-листа на кандидатите за запишување, кандидатот има право на приговор во рок од 24 часа. Во спротивно, го губи правото на приговор во натамошната постапка во поглед на објавените резултати. Приговорот се однесува само на технички пропусти - грешки направени при пресметувањето на бодовите, и се упатува до конкурсната комисија на факултетот. Решението на комисијата по приговорот е конечно. Одлуките по приговорите се објавуваат на огласна табла на факултетот.

 

СЛОБОДНИ места за ТРЕТИОТ уписен рок во учебната 2025/26 на Машинскиот факултет во Скопје

СЛОБОДНИ места за ВТОРИОТ уписен рок во учебната 2025/26 на Машинскиот факултет во Скопје

ИНФОРМАЦИЈА за упис на нови студенти на Машинскиот факултет во Скопје во ВТОР и ТРЕТ уписен рок во учебната 2025/2026 година

 

РЕШЕНИЕ за прием на нови студенти ПРВ уписен рок 2025/2026 година

ПРЕЛИМИНАРНА ранг листа на кандидати во ПРВ уписен рок во учебната 2025/2026 година

По објавувањето на прелиминарната ранг-листа на кандидатите за запишување, кандидатот има право на приговор во рок од 24 часа. Во спротивно, го губи правото на приговор во натамошната постапка во поглед на објавените резултати.Приговорот се однесува само на технички пропусти - грешки направени при пресметувањето на бодовите, и се упатува до конкурсната комисија на факултетот. Решението на комисијата по приговорот е конечно. Одлуките по приговорите се објавуваат на огласна табла на факултетот.

 

ИНФОРМАЦИЈА за упис на нови студенти на Машинскиот факултет во Скопје во ПРВ уписен рок во учебната 2025/2026 година

КОНКУРС за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2025/2026 година

Соопштение за Еразмус+ Конурс за мобилност на наставен кадар за академската 2025/26

Почитувани,

Распишан е конкурсот за мобилност на наставниот кадар за академската 2025/26 година.

Линкови од конкурсот:

https://ukim.edu.mk/studenti/mobilnosti/erazmus/

https://ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2025/10/erasmuskonkurs_za_nastavn...

Соопштение за Еразмус+ Конурс за мобилност на наставен кадар за академската 2025/26

Почитувани,

Распишан е конкурсот за мобилност на наставниот кадар за академската 2025/26 година.

Линкови од конкурсот:

https://ukim.edu.mk/studenti/mobilnosti/erazmus/

https://ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2025/10/erasmuskonkurs_za_nastavn...

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top