ПРОЕКТ ERASMUS SAVELIFE

За проектот Erasmus SaveLife: Реорганизирање на основна/напредна обука за поддршка на животот преку употреба на иновативни дигитални материјали

Машинскиот факулет-Скопје, заедно со Медицинскиот факултет-Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, беа партнери на европскиот Еразмус+ проект SaveLife. Притоа:

  • Машинскиот факултет учествуваше во дизајнот на платформата за е-учење и дизајнот на едукативните материјали за курсеви и видеа.
  • Медицинскиот факултет учествуваше во структурирање на едукативните материјали, обуките за корисниците на е-платформата и е понатамошен корисник на резултатите од проектот.

Проектот SaveLife (https://savelife.yildiz.edu.tr), финансиран од Европската Унија во рамките на програмата Еразмус+ КА220, имаше за цел да обезбеди ажуриран, отворен, бесплатен пристап до обуките за B/ALS (основна и напредна поддршка за живот) на медицинскиот персонал, кои можат да функционираат како засилувачки обуки или комплементарни на in situ обуките, кога обучувачите сметаат дека е неопходно. Главните цели на проектот SaveLife се да се истражат најдобрите практики во онлајн образованието за обуки за B/ALS и да се развие сеопфатен план за курсеви кој вклучува материјали за учење, главно интерактивни видеа и е-книга. Проектот обедини осум партнерски институции од шест земји: Yildiz Техничкиот универзитет (Турција), Универзитетот за здравствени науки (Турција), Медицинскиот универзитет во Софија (Бугарија), Панепистимио Тесалијас (Грција), Буковинскиот државен медицински универзитет (Украина), Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Северна Македонија), Politechnika Slaska (Полска) и RQ Consultancy (Турција).

Севкупно, проектот SaveLife:

  • Ги таргетира универзитетскиот персонал, студентите по медицина, медицинските сестри, болничарите и општите лекари кои практикуваат или ќе практикуваат во области со висок ризик. Со фокусирање
  • Има за цел значително да влијае врз обуките за B/ALS низ Европа, преку обуката за основна животна поддршка (BLS), која ја добиваат студентите по медицина на почетокот на нивните студии, а понатаму, ова знаење дополнително се развива преку обуките за напредна поддршка во животот (ALS). Основна и напредна поддршка за живот (B/ALS) е од суштинско значење за лекарите кои управуваат со срцев удар.

Повеќе детали од leaflet и website на проектот.

Проектот овозможува меѓународна и интердисциплинарна анализа на тековните практики за CPR во земјите партнери. Притоа, тимот ги имаше во предвид глобалните најдобри практики за структурирање со иновативен дизајн на модуларни онлајн курсеви, постигнувајќи одржлив развој и подготвеност меѓу здравствените работници за основна/напредна поддршка за живот (B/ALS). Активностите на проектот и крајниот производ ги обединуваат интервенциите за итна поддршка во животот, преку олеснување на пристапот до ажурирана обука за B/ALS и онлајн содржина, создадени во соработка со водечките високообразовни институции во регионот.

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top