Услови за запишување

  1. Право на запишување на додипломски студии имаат кандидати со завршено четиригодишно средно образование, во средните училишта верифицирани со акт на Министерството за образование и наука.
  2. Кандидатите се запишуваат како редовни студенти финансирани од државата и редовни студенти со кофинансирање на студиите.
  3. На додипломски студии на факултетите можат да се запишат и кандидати што имаат завршено високо или вишо образование на сродни факултети и виши школи. Овие кандидати се запишуваат без полагање на приемен испит, надвор од квотата, според успехот од предходното образование, а нивниот број може да изнесува најмногу 10 % од вкупниот број редовни студенти на соодветниот факултет утврден со конкурсот.
  4. Кандидатите со предходно завршено високо образование се запишуваат со кофинансирање на студиите.

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top