Упатство за виртуелен ред на чекање

Системот за виртуелен ред на чекање е наменет за издавање на број во редот на чекање за услугите на Студентска служба со цел на одбегнување на групирање на повеќе лица пред шалтерите.

Системот ги става на листа на чекање пријавите направени на тековниот датум. Земените броеви од претходни денови не ги зема во листа за тековниот ден.

Аналогија на системот е земањето на број кога сте во банка или некој од салоните на телеком оператерите.

Ако не сте присутни а сте на ред за услужување бројот се губи и ќе мора да побарате нов.

Системот е составен од два дела:

  • апликација за добивање на реден број на редот (MFS Queue)
  • апликација за следење на статусот на редот на чекање

 

За да се добие број во редот на чекање отворете ја WEB формата и на tab-от Закажување на термини внесете го:

  • бројот на индексот и
  • официјалната e-mail адресата добиена од факултетот од типот (e-mail адреси од други domain-и (gmail, yahoo, outlook...) освен доле наведените нема да бидат прикажани на листата на чекање):

ime.prezime@students.mf.ukim.mk

или

incijalibrojnaindeks@student.mf.edu.mk

 

 

На копчето Continue се отвора форма (Преглед и исправка) на која ги прегледувате внесените податоци и по потреба ги поправате (Edit-ирате)

 

Ако се податоците во ред на следното притискање на копчето Continue Ви се праќа e-mail и се отвара страна со порака за успешно процесирано барање и линк на кој можете да го следите редот на чекање и вашата позиција во него:

 

Пример на содржина на e-mail пораката која системот ви ја праќа:

 

На линкот од e-mail-от и/или линкот Кликнете овде од tab-от Благодариме, се отвора страна на која следите каде се наоѓате во редот на чекање.

Во примерот на сликата студентот со реден број 61 се наоѓа на шалтерот и во моментот се услужува.

Студентите со реден број на чекање 62, 63 и 64 треба да се наоѓаат пред шалтерот на сооветна оддалеченост,

а останатите со реден број 65 и надоле чекаат на друга локација.

Редот на чекање се освежува на секои 15 секунди.

Студентска служба на МФС.

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top