Ottawa Online Casinos — Here is an overview of the gaming scene in this city, as well as a sneak-peek into the best online casinos in Canada.

 

Choose one of the Bachelor’s degree programs: Bachelor of Science in MECHANICAL ENGINEERING (4 years studies) or Bachelor of ENGINEERING (3 years studies).

Become a Master in Mechanical Engineering in full time studies in one of nine postgraduate study programs or in part time studies in six postgraduate study programs, according...

The Doctoral School represents our commitment to high quality education of professionals in the field of engineering with competency in research, development and innovation...

The Faculty of Mechanical Engineering undertakes research activities in the field of Mechanical Engineering and it is a centre for the development of science, scientific thought...

Машински факултет - Скопје

ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје

Драги матуранти, наши идни студенти!

ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 1 декември 2023 во периодот од 10-12 часот и 12-14 часот, со физичко присуство на секој од факултетите

Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.

Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности...

Прошетајте низ факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните физички капацитети, амфитеатри, лаборатории...

Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!

Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје!

Се гледаме на 1 декември!!!

 

Иновативни оnline oбуки од областа на Индустрија 4.0

Пријавете се за online-обуките развиени од Smart Learning Factory – Skopje во рамките на Машинскиот факултет – Скопје заедно со партнерите од Шведска, Естонија, Австрија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Темите се:

  • Understanding Lean 4.0 through Smart Poka Yoke,
  • Harnessing the Power of Digital Kanban with RFID Technology,
  • Introduction to Quality Control,
  • Machine Vision for Quality Control,
  • Introduction to Collaborative Robots,
  • Setting up and using Universal Robots driver and MoveIt on ROS 2 Humble Hawksbill and
  • Integrating Universal Robots cobot and a vision system for manufacturing,

Рокот за пријавување е до 10.10.2023 година.

За повеќе детали и формата за пријавување, повелете на следниот линк.

Тимот на SLFS

ПОКАНА ЗА ПРВ СВЕЧЕН ЧАС

Ги поканувам сите новозапишани студенти во прва година во учебната 2023/2024 година на Машински факултет во Скопје да присуствуваат на првиот свечен час кој ќе се одржи на 02 октомври 2023 година (понеделник) со почеток во 12:30 часот во Амфитеатарот.

Со свеченоста ќе се одбележи почетокот на новата учебна година за новозапишаните студенти на Факултетот.

ДЕКАН

Проф. д-р Златко Петрески, с.р

Уписи 2023

ИНФОРМАЦИЈА за упис на нови студенти на Машинскиот факултет во Скопје во учебната 2023/2024 година - ТРЕТ уписен рок

 

РЕШЕНИЕ за прием на нови студенти во ВТОР уписен рок 2023/24

ПРЕЛИМИНАРНА ранг листа на кандидати во ВТОР уписен рок во учебната 2023/24 година

ИНФОРМАЦИЈА за упис на нови студенти на Машинскиот факултет во Скопје во учебната 2023/2024 година - ВТОР уписен рок

 

ДОКУМЕНТИ кои треба да се достават при запишување на примените кандидати за упис во ПРВ уписен рок во прва година во учебната 2023/2024 година

РЕШЕНИЕ за прием на нови студенти во ПРВ уписен рок 2023/24

ПРЕЛИМИНАРНА ранг листа на кандидати во ПРВ уписен рок во учебната 2023/24 година

 

ИНФОРМАЦИЈА за упис на нови студенти на Машинскиот факултет во Скопје во учебната 2023/2024 година

КОНКУРС за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2023/2024 година

ПОСЕТА НА КОГЕНЕРАТИВНА ТЕРМОЕНЕРГЕТСКА ПОСТРОЈКА ТЕ-ТО АД СКОПЈЕ

ПОСЕТА НА КОГЕНЕРАТИВНА ТЕРМОЕНЕРГЕТСКА ПОСТРОЈКА ТЕ-ТО АД СКОПЈЕ
од страна на студентите на студиската програма Енергетика и Екологија

СООПШТЕНИЕ

Почитувани,

Доколку на саемот на кариера кој се одржува на Машинскиот факултет во Скопје сте аплицирале за практична работа во компанијата „Адиент“ поради технички проблеми ќе биде потребно повторно да се пријавите на нивниот штанд или на e-mail: makedonka.karamanoleva@adient.com ; diana.tashkova@adient.com

Наши студенти се пласираа во финалето на Teaching Factories Competition организирано од EIT Manufacturing

Четворица студенти од насоката ИИМ под менторство на вонр. проф. д-р. Бојан Јованоски, го освоија првото место за решавања на реален случај од компанијата Ge- Avio од Италија, поддржан од Европската Унија.

Неодамна беа објавени резултатите од натпреварот „Teaching Factories Competition“ спроведен од EIT (Европскиот центар за иновации и технолошки развој) каде тимот од Машинскиот факултет – Скопје го освои првото место и успеа да се пласира во финалето кое ќе се одвива во Брисел, Белгија. Тимот беше предводен од четворица наши колеги: Дамјан Ристовски, Михаела Златеска, Теодора Танчевска и Даниела Стојановска - студенти на Машинскиот факултет, насоката Индустриско Инженерство и Менаџмент.

Во период од април до октомври 2022 година активно се работеше на проектот за „зелени иновации и подобрувања“ заедно со компанијата Ge- Avio од Италија. Во финалето тие ќе се натпреваруваат со противници од универзитетите од: Mondragon University- Шпанија, CAS Lavoslav Ružička Vukovar- Хрватска, University of Patras- Грција, ELTE Informatikai Kar Savaria Műszaki Intézet- Унгарија, University of Pisa- Италија.

Со ова се потврдува дека на Машинскиот факултет во Скопје студентите се подготвени да решаваат нови проблеми, и тоа на интернационално ниво.
Да им посакаме понатамошен успех во финалето на нашите колеги и колешки.

Pages

Наши проекти

Contact Us

University "St. Cyril and Methodius"

Faculty of Mechanical engineering - Skopje
Karpos II bb
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Tel:+ 389 2 3099-200
Fax:+ 389 2 3099-298

Follow us

Follow us on:

Gallery

Galerija       

       

Back to Top