Ottawa Online Casinos — Here is an overview of the gaming scene in this city, as well as a sneak-peek into the best online casinos in Canada.

 

Choose one of the Bachelor’s degree programs: Bachelor of Science in MECHANICAL ENGINEERING (4 years studies) or Bachelor of ENGINEERING (3 years studies).

Become a Master in Mechanical Engineering in full time studies in one of nine postgraduate study programs or in part time studies in six postgraduate study programs, according...

The Doctoral School represents our commitment to high quality education of professionals in the field of engineering with competency in research, development and innovation...

The Faculty of Mechanical Engineering undertakes research activities in the field of Mechanical Engineering and it is a centre for the development of science, scientific thought...

Машински факултет - Скопје

Уписи 2022

ИНФОРМАЦИЈА за упис на нови студенти на Машинскиот факултет во Скопје во учебната 2022/2023 година - ТРЕТ уписен рок

РЕШЕНИЕ за прием на нови студенти во ВТОР уписен рок 2022/23

ПРЕЛИМИНАРНА ранг листа на кандидати во ВТОР уписен рок во учебната 2022/23

ИНФОРМАЦИЈА за упис на нови студенти на Машинскиот факултет во Скопје во учебната 2022/2023 година - ВТОР уписен рок

ДОКУМЕНТИ кои треба да се достават при запишување на примените кандидати за упис во ПРВ уписен рок во прва година во учебната 2022/2023 година

РЕШЕНИЕ за прием на нови студенти во ПРВ уписен рок 2022/23

Одговор на приговори ПРВ уписен рок 2022-23

ПРЕЛИМИНАРНА ранг листа на кандидати во ПРВ уписен рок во учебната 2022/23 година

ИНФОРМАЦИЈА за упис на нови студенти на Машинскиот факултет во Скопје во учебната 2022/2023 година

КОНКУРС за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2022/2023 година

ОДЛУКА за доделување на стипендии на студентите запишани во ПРВА година во учебна 2022/23

PROMETHEUS - Интернационален стартап натпревар 2022

PROMETHEUS - Интернационален стартап натпревар 2022

Во рамки на проектот PROMETHEUS (https://hei-prometheus.eu/), финансиран од страна на Европската Унија, како дел од ЕИТ иницијативата за високообразовни институции каде учествува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се организира PROMETHEUS Интернационален стартап натпревар 2022.      

Право на учество  на натпреварот имаат студенти и истражувачки тимови, индивидуално или во тимови.

Предлозите за бизнис идеи се поднесуваат во една од следните тематски области:

Дигитална трансформација

Биоекономија

Циркуларна економија

Климатски промени

Паметно (Smart) производство

Одржлив развој

Заштита на животната средина

 

Детални информации за условите и наградите на следниот ЛИНК и преку страницата на натпреварот:

https://hei-prometheus.eu/entrepreneurship-acceleration-platform/the-competition/

Важни датуми:

Краен рок за поднесување идеи на натпреварот (прва фаза):   31 јули 2022


Информации за PROMETHEUS натпреварот, мрежата и алатките на

2nd online #InformationDay, 8.06.2022, 16:00 – 18:00, Зоом линк  https://lnkd.in/ebdJZqe7

Ден за каериерен развој 7 јуни 2022

Почитувани студенти,

Со големо задоволство ви го најавуваме целодневниот настанДЕН ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ“  во оргaнизација на УКИМ и THRIVITY!

На 07.06.2022 со почеток од 10:00 до 18:00 часот на платото на УКИМ, повеќе од 25 компании ќе имаат можност да ви ги презентираат своите можности за вработување и практикантство за време и по завршувањето на студиите.

Настанот ќе биде интерактивен, организиравме панел дискусии и кратки мотивациски обраќања со цел да ве инспирираат, насочат и да ви помогнат во вашиот иден кариерен развој.

Дополнително имаме штандови за подготовка на професионално CV организирано од THRIVITY, можност за непосреден разговор и кариерно насочување од Асоцијацијата на кариерни советници, директна комуникација со релевантни претставници на компаниите учесници, како и, зона за забава и освежување (организирана од Coca Cola).

За време на настанот за добрата атмосфера ќе се погрижат повеќе диџеи.

Агенда на настанот

09:30     Пристигнување на компаниите и нивно сместување

10:00     Пристигнување на студенти и други поканети гости

10:30     Отворање на настанот и кратко претставување на агендата на главна бина

  • Обраќање на ректор
  • Обраќање на раководителот на Центарот за кариера на УКИМ
  • Обраќање на претставник од THRIVITY

11:00     Заедничка обиколка на организаторите и говорниците на сите штандови

11:30     Панел дискусија #1 (Тема: Важноста на практиканството и подготовка за прво вработување на студентите)

12:10     Музички сет #1   

12:30     Мотивациски говор # 1  (COO Sensile Medical Switzerland:  Инспирација за вработување – глобална отвореност на пазарот на труд  Inspiration for employment – globally open labor market)

13:00     Панел дискусија #2 (Хибридни професии – новата реалност за младите и за компаниите) Асоцијација на кариерни советници

13:30     Музички сет #2

14:30     Мотивациски говор #2 (Развој на компетенции – мостот помеѓу формалното образование и барањата на компаниите) Активатор

14:45     Музички сет #3

15:30     Мотивациски говор #3 (Кариерно советување во високото образование – позитивни светски практики) проф. д-р Софија Георгиевска

15:50     Музички сет #4

Компании кои ќе учествуваат на настанот

Алкалоид, Раде Кончар, Филип Морис, Реплек, Скопска Пивара, Еуроникел, Мак Прогрес, ПроКредит Банка, Халк Банка, Шпаркасе Банка, Лакталис, Geresheimer, Индитекс, Van Hool, Slice, TaskForce, Нелт, Вива сокови, Веста дрогерија, Рамстор, Адинг, Џонсон Мети, DS Smith, Тиквеш, Макстил

Се гледаме на 7ми јуни на платото пред УКИМ!