Choose one of the Bachelor’s degree programs: Bachelor of Science in MECHANICAL ENGINEERING (4 years studies) or Bachelor of ENGINEERING (3 years studies).

Become a Master in Mechanical Engineering in full time studies in one of nine postgraduate study programs or in part time studies in six postgraduate study programs, according...

The Doctoral School represents our commitment to high quality education of professionals in the field of engineering with competency in research, development and innovation...

The Faculty of Mechanical Engineering undertakes research activities in the field of Mechanical Engineering and it is a centre for the development of science, scientific thought...

Машински факултет - Скопје

Пракса и/или работно место во “Yugoimpex”

Главните дејности на нашата компанија се:
  1. Продажба на машини за производство на мебел.
  2. Сервис служба за инсталација на опремата, тренинг за оператори, поправки и одржување во и вон гарантен рок.
“Yugoimpex” бара студенти за пракса/работа на три позиции.
 
Нашата цел е по завршувањето на праксата да се вработи барем по еден студент на секоја позиција.
Од таа причина студентите треба да завршуваат или да се при крај со своите студии.
 
Потребни се:
 
1.
Тројца студенти (студиска програма – Мехатроника/ Автоматика и управување со системи)
Работното место: Сервис Инженер
Работни задачи: Сервис служба за инсталација на опремата, тренинг за оператори, поправки и одржување во и вон гарантен рок.
2.
Двајца студенти (студиска програма - Индустриско инженерство и менаџмент)
Студентите од оваа студиска програма е пожелно, покрај Македонскиот и Англискиот јазик да го зборуваат и Албанскиот Јазик.
Работно место: Администрација и 
Работни задачи: Организација на сервис служба, маркетинг, директна комуникација со муштерии од Македонија, Косово и Албанија.
3.
Еден студент кој би работел како комерцијалист на териториите на Македонија, Косово и Албанија.
За оваа позиција потребно е студентот, покрај Македонскиот и Англискиот јазик да го зборуваат и Албанскиот Јазик.
Работно место: Комерцијалист
Работни задачи: Посетување на постоечки и потенцијални муштерии, промовирање на продуктите на “Yugoimpex”.
 
Практикантите ќе добијат тренинг како во просториите на “Yugoimpex” така и на терен кај нашите муштерии.
 
Студентите кои подоцна ќе бидат вработени, покрај тренингот од “Yugoimpex” добиваат и детален тренинг во странство, кај голем број од компаниите со кои соработуваме.

Вашите CVa да ги доставите на e-mailot: gjorgji(at)yugoimpex.mk.

Пракси

Пракса во Македонски Телеком

Почитувани,

Македонски Телеком има потреба од студенти за неколку видови на пракса и тоа:

 

1. Во делот на Техника се бара за следниве активности:

Појаснувања во врска со барањето за ангажирање на практиканти:

За потребите на Проект – МКТ адресен регистар, МКТ превзема акциja за собирање на податоци со цел да се ажурира адресниот регистар на МКТ со податоци за кориснички локации (постојни и потенцијални).

За таа цел во рамките на проектот ќе се ангажираат дополнителни ресурси за обезбедување на број на станови за секој објект со над два стана на ниво на Република Македонија , во кои е инсталирана МКТ опрема.

Инструкции и цел на ангажирањето на практикантите:

  • Потребно е да се обезбедат податоци за домаќинства покриени со МКТ мрежа на ниво на Република Македонија, со насоки за микролокација и датум кога треба да се обезбеди инфото
  • На практикантите ќе им бидат дадени листи со локации и адреси до влез за секоје подрачје
  • За секој влез од зграда со над 2 стана или куќа со над 2 стана ќе треба да обезбедат информации за бројот на станови/локали (од број – до број) и нумерацијата на становите/локалите  
  • Да соберат информација доколку има нешто специфично за објектот(нумерација со буква 12А,11А или слично) и да внесат во делот за забелешка
  • Обезбедените податоци да се внесат во соодветен формат во табела
  • Секојдневно пред завршување на работното време да се достават табелите  до одговорното лице од Служба за управување со документација и телекомуникациска инфраструктура

Обезбедувањето на податоци е планирано на следните начини:

  • За подрачја во Скопје дел од практикантите со автобуски превоз (обезбедена карта)  ќе треба да собираат податоци со посета на објектите  
  • За Скопје и региони низ Македонија дел од практикантите ќе треба телефонски да побараат информација за број на станови и нумерирање од неколку корисници на дадена локација
  • Доколку се обезбеди службен превоз ќе бидат однесени до соодветниот град во придружба на одговорно лице од Служба за управување со документација и телекомуникациска инфраструктура
  • Дел на техника кој директно е одговорен за нашите корисници:

2. Дел на техника кој директно е одговорен за нашите корисници:

Средување на CPE  опрема истите би биле задолжени за активности за:

  • Средување на опрема во апликации
  • Подготвување за расход на иста

3. Во делот на продажба: 

Доколку сте активен студенти и размислувате на тоа како да го збогатите своето CV, Македонски Телеком нуди единствена можност да биде дел од тимот кој работи на  Проектите кои се организираат во Контакт центар, Продажен салон.  Се што треба да направите е да го одберете посакуваниот проект  е да се пријавите на истиот.

  • Контакт Центар – ангажманот вклучува работа со дојдовни и појдовни повици поврзани со нова кампања и истражување на пазарот.
  • Продажни салони – ангажманот се однесува на helpers за промовирање на нови кампањи и производи на компанијата, а воедно и помош на вработените во салоните околу периодот на годишни одмори .

Заинтересирани студенти своите CVа да ги достават на следнава e-mail адреса sonja.kargova@telekom.mk со назнака на кој проект аплицираат најдоцна до 08.07.2017  година.

Со почит,

Пракси

Меѓународна конференција за ладилна техника и топлински пумпи Охрид, 11-13 мај 2017

Конференцијата е организирана и спроведена заедно со Меѓународниот институт за ладилна техника (International Institutе of Refrigeration - Paris) по седми пат.

Pages

Наши проекти

Contact Us

University "St. Cyril and Methodius"

Faculty of Mechanical engineering - Skopje
Karpos II bb
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Tel:+ 389 2 3099-200
Fax:+ 389 2 3099-298

Follow us

Follow us on:

Gallery

Galerija       

       

Back to Top