Part Time последипломски студии

Информација за студентска програма INNO-SAE 2019

ПОКАНА
 
Центарот за трансфер на технологии и иновации - ИНОФЕИТ ќе спроведе студентска програма Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE 2019) за поддршка на иновациите кај студентите на УКИМ. Идејата е студентите да работат на иновативни идеи кои може да доведат до развој на прототип и да им помогнат во развивање на нивните претприемнички вештини. Напоменувам дека програмата е замислена да биде отворена за сите студенти на УКИМ и ќе поддржи оригинални идеи со акцент на мултидисциплинарност односно посебно ќе се вреднуваат тимови формирани од студенти од различни единки на УКИМ кои нудат решенија за поинтелигентни опкружувања и апликации во иднина.
 
Повеќе детали за програмата може да се најдат на:
 
Сите заинтересирани се поканети на отворените денови на програмата INNO-SAE 2019 кои ќе се одржат на 29.03.2019 и 16.04.2019 во 17 часот во просториите на ИНОФЕИТ кадешто ќе бидат детално објаснети условите, очекувањата и самиот тек на натпреварот.
 
Со почит,
Проф. д-р Димитар Ташковски
Декан на ФЕИТ
Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

ИЗВЕШТАЈ од спроведениот Конкурс за избор на идејно решение за лого на Машински факултет - Скопје

И З В Е Ш Т А Ј

од спроведениот Конкурс за избор на идејно решение за лого на Машински факултет - Скопје

Комисијата за распишување конкурс, организирана според одлука бр. 02-2112/1 од 25.10.2019 година го распиша конкурсот за избор на идејно решение за лого на Машинскиот факултет – Скопје. На Конкурсот од Машинскиот факултет Скопје, објавен на 18.12.2018 година во Нова Македонија и на web страната на факултетот, беа пристигнати 26 предлози за заштитни знаци. Рокот за поднесување документи беше до 25.02.2019 година.

Комисијата одржа состаноци на 27.02.2019 и 04.03.2019. Сите предлози беа оценети според претходно усвоената процедура, бр. 03-400/1 од 21.02.2019 година. Во прилог на овој извештај е и сумарната табела со поени од евалуираните предлози.

Според евалуацијата направена после отворањето на предлозите, Комисијата ги предлага следните решенија да бидат наградени:

Место

Име на предлагач

Шифра (од предлагачот)

Награда (ден)

I место

Brandunion

MFS_LOGO_01

42 000,00

II место

Симона Ничева

МФС Лого редизајн 1

12 000,00

III место

Бојан Каранаков и Зоран Рунчев

РУ-Б02019

6 000,00

Комисијата посвети дополнително време и внимание за анализа на овие три предлози. Анализите вклучуваа инспирација за графичкото решение, искористеноста на боите во предлог, како и можностите за нивно адаптирање во нашите секојдневни документи и дополнителни материјали.

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ПРАЈСВОТЕРХАУСКУПЕРС РЕВИЗИЈА ДОО - Скопје

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ПРАЈСВОТЕРХАУСКУПЕРС РЕВИЗИЈА ДОО -  Скопје

На 13.03.2019 година во просториите на Машинскиот факултет беше потпишан договор за соработка со реномираната ревизорска корпорација PricewaterhousCoopers (PwC). Договорот го потпишаа Деканот на Машинскиот факултет (МФС), проф. д-р Дарко Данев и Партнерот во PwC и регионален менаџер одговорен за Македонија, Албанија и Косово, Г-дин Петко Димитров.

Помеѓу другото, со меморандумот за соработка се предвидува:

  • Презентирање на практично искуство и инструкции од вработени на PwC на студенти на МФС како и образовни и практични презентации на истра­жувачи и студенти на МФС на вработени на PwC;
  • Заедничка работа на научни и стручни проекти како и заедничко учество на состаноци, работилници, академски или професионални собири;
  • Обезбедување можности од страна на PwC, студентите на МФС да учествуваат во програмите на PwC за пракса и стажирање;
  • Давање препораки за вработување на студенти на МФС по барање на PwC;
  • Активности за организирање заеднички истражувачки лаборатории /работилници, проектни активности, натпревари и сл., од взаемен интерес; итн.

Со задоволство е констатирано дека веќе два машински инженера работат во PwC, а моментално 3 практиканти од IV година од насоката индустриско инженерство и менаџмент стажираат во компанијата и ја реализираат својата пракса од VIII семестар.

По потпишувањето на Меморандумот за соработка Г-дин Петко Димитров и Г-дин Даниел Јордановски, во рамки на предметот Проектен менаџмент, го одржаа и првото од серијата на предавања на тема „Дигитализација“.

 

 

    

   

    

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

DRÄXLMAIER доделува стипендии

Студенти - Тип на содржина: 
stipendii

Pages

Наши проекти

Contact Us

University "St. Cyril and Methodius"

Faculty of Mechanical engineering - Skopje
Karpos II bb
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Tel:+ 389 2 3099-200
Fax:+ 389 2 3099-298

Follow us

Follow us on:

Gallery

Galerija       

       

Back to Top