Alumni MFS

Алумни на Машински факултет - Скопје 

Добродојдовте на страната на  Алумни на Машински факултет – Скопје, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје  (во продолжение: Алумни МФС) – мрежа на дипломирани, магистрирани или/и докторирани машински инженери.
 

МИСИЈА

Алумни МФС мрежата има централна улога во градењето на доживотното партнерство помеѓу факултетот и неговите алумни. Се стреми да го зајакне и унапреди инженерското образование, да ги промовира интересите и лојалноста на факултетот, преку поврзување, комуникација и колегијалност.
 

ВИЗИЈА

Поддржувачка и горда алумни мрежа од сегашни и идни дипломирани машински инженери кои заеднички даваат значаен придонес кон алумни заедницата, факултетот и јавното добро.
 

ЦЕЛИ

Три главни цели го водат Алумни МФС

 

Alumni MFS

Најуспешните инженери се веќе дел од организацијата и се присутни со свое учество во различните настани и собири кои се организираат преку соработка и споделување на успехот и искуството со младите и телентирани инженери. Ова е одлична можност да ги обновите вашите контакти  и со тоа да бидете поблиску до факултетот, стручниот кадар и до вашите колеги инженери инволвирани во различни области од индустријата. Искористете ја можноста за забава и дружење на едно повисоко (инженерско) ниво.

на Алумни МФС мрежата на машински инженери? Вашиот придонес и подршка го остварувате првенствено со вашето членство
Со  пристапување кон нашата мрежа ќе бидете секогаш  во контакт со  факултетот и со сите активности и информации поврзани со машинското инженерство. Нашите инженери секогаш се добродојдени да оствaрат консултација,  да се презентираат, да придонесат кон подобрување на инженерското образование и да ги зачуваат и одржат меѓусебните контакти.

 

Со алумни членството ќе

... можете повторно да се сретнете со вашите драги колеги од факултетските денови за да го споделите искуство и да се потсетите на убавите студентски денови.

.... станете дел од семејството на машински инженери кои и по дипломирањето не ја заборавиле институцијата каде што го стекнале знаењето. Не заборавајте, со претставување на своето образование кон останатите сфери на општеството Вие го претсавувате факултетот, својот карактер и својата личност.
    
.... имате можност да бидете дел од настаните, годишните состаноци и собири, бесплатно ќе имате пристап до електронското инфромативно списание на факултетот и  увид во сите новитети од областа на машинството како и базите на работни огласи кои транспарентно ќе бидат достпани на страната на алумни.

... учествувате во промовирање и подобрување на работата на  Машинскиот факултет – Скопје.  Ја давате вашата поддршка за остварување на иницијативите факултетот да ги задржи и одржува високите стандарди во областа на машинството, а со тоа го подигнувате и одржувате реномето на Факултетот.

... соработувате со администрацијата, наставниците и студентите за  доброто на Факултетот.

... ги промовирате визијата и мисијата на Факултетот за постигнување на успеси во областа на машинството.

 

Наши проекти

Contact Us

University "St. Cyril and Methodius"

Faculty of Mechanical engineering - Skopje
Karpos II bb
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Tel:+ 389 2 3099-200
Fax:+ 389 2 3099-298

Follow us

Follow us on:

Gallery

Galerija       

       

Back to Top