Испити

Тест за стипендирање студенти од прва година

Машинскиот факултет во Скопје организира тестирање на студентите од прва година со награда стипендија на максимум еден најдобар студент од секоја студиска програма. Наградата се состои во ослободување од партиципација почнувајќи од вториот семестар до крајот на студирањето доколку се исполнат условите пропишани од страна на МФС.

Тестот се состои од 60 кратки прашања со цел да се испитаат општите познавања во областа на техничките науки. Терминот за одржување на овој тест е на 06.11.2018 година (вторник) со почеток во 16 часот во амфитеатарот на Машинскиот факултет во Скопје. Задолжително студентите да донесат индекс.

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Соопштение за вонредна ноемвриска испитна сесија во учебната 2018/2019

Се известуваат сите студенти дека пријавувањето на испити за вонредната ноемвриска испитна сесија (за предметите од летен семестар), ќе се врши на 05.11. (понеделник) 2018 година од 12,00-14,00 часот преку шалтерите на студентската служба. ПРЕТХОДНО, ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК најдоцна до 04.11 (недела). Испитната сесија ќе се спроведе на 08.11.(четврток) 2018 година.

За секој пријавен испит потребно е да се достави уплатница во висина од 2000 денари на жиро сметка на МФС со назнака за полагање на испит.

Термините за полагање на испитите ќе бидат објавени на 07.11.2018 на web страната на МФС.

Скопје, 30.10.2018

Од Деканатот на МФС

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Pages

Наши проекти

Contact Us

University "St. Cyril and Methodius"

Faculty of Mechanical engineering - Skopje
Karpos II bb
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Tel:+ 389 2 3099-200
Fax:+ 389 2 3099-298

Follow us

Follow us on:

Gallery

Galerija       

       

Back to Top