Теми за дипломска работа за професионални студии

Team4win

🚀 Дали сте подготвени за нов студентски предизвик?
Со големо задоволство ви го најавуваме Project4Win, овој пат во соработка со Lear! 🔥
👉 Креирајте тим
👉 Подгответе се за тимска работа, креативност и реални предизвици
👉 Следете нè – наскоро откриваме повеќе детали
Ова е вашата шанса да покажете што знаете и да победите! 💡🏆

 

TEAM4WIN НАТПРЕВАР

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Машински факултет – Скопје  во соработка со LEAR Corporation  распишува отворен повик за учество на натпревар за развивање на инженерско решение за проблем дефиниран од страна на компанијата.

Натпреварот Team4Win e продолжување на серијата вакви натпревари кои имаат за цел да ги развијат практичните инженерски вештини на студентите, способноста за решавање на проблеми како и многу дружење, забава и нови искуства.

Повикот за пријавување на натпреварот трае до 25.02.2026 година.

Пријавувањето на натпреварот е во тимови, од најмногу 4 члена за студентите од сите студиски програми и сите години на Машинскиот факултет – Скопје. Се препорачува членовите од тимот да бидат од најмалку три различни студиски програми.

Исто како и на претходниот натпревар, трите најдобри тимови ќе бидат наградени од страна на спонзорот на натпреварот.

 

Пријава за учество на натпреварот TEAM4WIN

Fill in form

 

 

 

 

 
Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

ETF Green SKILLS Award 2025

Искрени честитки до Професорот Радмил Поленаковиќ и неговиот тим од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за освоеното прво место на Натпреварот за зелени вештини - ETF Green Skills Award 2025. Натпреварот веќе петта година по ред го организира Европската тренинг фондација од Торино, Италија (European Training Foundation – ETF, https://www.etf.europa.eu/en/what-we-do/etf-green-skills-award) со цел да промовира меѓународни успешни примери кои ја зајакнуваат зелената транзиција. ETF е организација на Европската унија која го поддржува развојот на вештини и компетенции, кај младите и возрасната популација, промовирајќи го принципот на учење во текот на целиот живот.

„Натпреварот за најдобар бизнис концепт за зелени иновации“, за средни училишта кој на Машинскиот факултет се организира веќе 18 години, во конкуренција на 250 меѓународни добри практики кои доаѓаат од 50 земји, е победник на овогодинешниот ETF Green Skills Award 2025.

Видеото со кое учествуваше Македонија, односно нашиот тим на меѓународниот натпревар, може да се погледне на: https://www.youtube.com/watch?v=yUCvfui7MWE

Подетални информации за Наградата и натпреварот може да се најдат на официјалните портали на делегацијата на Европската унија во нашата земја:

EUD X: https://x.com/AmbassadorEU/status/2018316467326898568?s=20

EUD Bluesky: https://bsky.app/profile/euwithmk.bsky.social/post/3mdv3a47pls2w

Средните училишта веќе може да аплицираат на „Натпреварот за најдобар бизнис концепт за зелени иновации за 2026 година“ на следниот линк: https://forms.gle/MhQDpghhnZgnSM716

 

ИЗБОР НА МЛАД ИНЖЕНЕР НА ГОДИНАТА

📢 Драги млади инженери до (вклучувајќи и) 35 години,
Инженерската институција на Македонија по повод 21 март, Денот на македонските инженери, избира млад инженер на годината за 2025 година.

🎯 Критериуми по кои се избира млад инженер на годината се:
✔️ постигнати инженерски резултати во 2025 година
✔️лидерство и инспирација на младите;
✔️креативност и иновативност;
✔️споделување на знаење и ангажирање во заедницата;
✔️општествено и етичко влијание на околината.

Повикот е отворен до 8.2.2026 година.

Пријавете се на следниов ЛИНК

Проектот „GREENOVET“ – во извештајот на ЕУ за „Учење за одржливоста“ како пример за добра практика

Со особена гордост истакнуваме дека нашиот проект GREENOVET е презентиран како пример на добра практика во најновиот извештај на Европската Унија: "Learning for sustainability in Europe's schools: policy insights and recommendations(стр. 64).
 

Упатуваме голема благодарност до тимот на ЕУ кој го подготви овој извештај каде како единствен пример од нашата земја е елабориран токму проектот GREENOVET.

 
Проектот „GREENOVET: European VET Excellence Platform for Green Innovation“ се реализираше во периодот од 2020 до 2024 година и беше финансиран од страна на програмата Еразмус + (Акција KA3).
 

Проектот во кој учествуваа 18 партнери од Австрија, Финска, Португалија и Македонија го координираше нашиот проф. д-р Бојан Јовановски, сега професор на FH Joanneum University of Applied Science, во Грац, Австрија.

 
Македонскиот тим беше предводен од проф. д-р Трајче Велковски од Машинскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а како партнери во проектот учествуваа и:
  • Сојузот на стопански комори на Македонија,
  • Раде Кончар ТЕП – Скопје,
  • АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје, и
  • Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење.
 
Во рамки на проектот, покрај многуте реализирани активности, како клучни резултати може да се истакнат и:
  • Создавањето на Центарот за извонредност за зелени иновации со седиште на Машинскиот факултет, УКИМ,
  • Поддршка и зајакнување на Националниот натпревар за зелени иновации за средните училишта во Македонија (натпреварот е влезен во петте финалисти на добри практики на ETF Green Skills Awards 2025 во конкуренција на над 250 апликанти од повеќе од 50 земји),
  • Анализа на потребите од зелени работни места во Скопскиот плански регион, итн.
 
Искрени честитки до целиот тим од Машинскиот факултет и до сите партнери за одлично реализираниот проект!

Pages

Наши проекти

Contact Us

University "St. Cyril and Methodius"

Faculty of Mechanical engineering - Skopje
Karpos II bb
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Tel:+ 389 2 3099-200
Fax:+ 389 2 3099-298

Follow us

Follow us on:

Gallery

Galerija       

       

Back to Top