Повик за платена научна пракса на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија

Почитувани,

 Министерството за образование и наука се обрати до Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за споделување на Повик за платена научна пракса на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.

За таа цел, во прилог Ви испраќам содржина за споделување на веб-страницата на Вашата единица.

Содржината на текстот кој треба да се сподели на веб-страниците на Вашата единица, е следна:

 Повик за платена научна пракса на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија

Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC) нуди платенa научнa пракса за научни практиканти. Подетални информации, профил на кандидати и критериуми се достапни во Анекс I во следниов линк за апликација.

За практикантствата што почнуваат во март 2026 година, JRC овозможува учество на околу педесет (50) научни практиканти, во различни тематски области како здравство, индустрија и вселена, природни ресурси, мобилност, граѓанска безбедност за општеството, животна средина и климатски промени, нуклеарна безбедност и сигурност, управување со кризи, дигитална трансформација и податоци, сајбер безбедност, вештачка интелигенција итн.

Местото на пракса може да биде едно од следниве локации на JRC: Гел (Белгија), Испра (Италија), Карлсруе (Германија), Петен (Холандија) или Севиља (Шпанија).

Лицата кои ќе аплицираат на Повикот потребно е да пратат потврда за својата апликација на следната e-mail адреса: n.p.kostovska@ukim.edu.mk

Леарница ЛТХ – Производител на автомобилски делови ја зголемува автоматизацијата

Леарница ЛТХ – Производител на автомобилски делови ја зголемува автоматизацијата (видео)

Поттикнување на зелен и одржлив развој
 
Преку Зеленото Финансирање од ЕИБ, македонските компании инвестираат во позелени, поодржливи активности - поттикнувајќи го и економскиот раст и Климатската Акција. Погледнете го успешниот пример на ЛТХ Леарница, финансиран од NLB Banka AD Skopje и нивниот пат кон поефикасно, продуктивно и позелено производство

Конкурс за студентска мобилност за студирање и пракса/стажирање во рамки на ЕРАЗМУС+ програмата за летниот семестар во академската 2025-2026 година

Конкурс за студентска мобилност за студирање и пракса/стажирање во рамки на ЕРАЗМУС+ програмата за летниот семестар во академската 2025-2026 година

Напомена: Студентите преку Архивата на факултетот, треба да ги достават апликациите до Еразмус+ координаторот на МФС, во 3 примероци (еден за студентот, еден за Еразмус+ координаторот и еден за Универзитетот), надоцна до:

  1. 3 октомври 2025 г. за студентските мобилности за студирање,
  2. 21 ноември 2025 г. за студентските мобилности за пракса/стажирање.

По заверувањето во Архива, Студентот и Еразмус+ координаторот задржуваат по еден примерок од апликацијата.

Машински факултет е дел од европскиот проект TECHSIGHT за развој на европски deep tech екосистем

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е дел од европскиот конзорциум на проектот TECHSIGHT, кој е добитник на финансирање од Horizon Europe EIT Higher Education Initiative, во рамките на повикот за проекти 2024. Машинскиот факултет, како координатор, и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, како партнер, се директни учесници во реализација на активностите на проектот TECHSIGHT.

Pages

Наши проекти

Contact Us

University "St. Cyril and Methodius"

Faculty of Mechanical engineering - Skopje
Karpos II bb
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Tel:+ 389 2 3099-200
Fax:+ 389 2 3099-298

Follow us

Follow us on:

Gallery

Galerija       

       

Back to Top