Соопштение за вонреден септемвриски испитен рок во учебната 2024/2025

Се известуваат студентите дека во вонредниот септемвриски испитен рок ќе може да полагаат:

  • само еден предмет од зимски или од летен семестар.

Студентот кој ќе полага во вонредниот септемвриски испитен рок, најдоцна до 16.9.2025 (вторник) до 12 часот, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се пријави (со македонска поддршка) на следниот ЛИНК

Пријавувањето на испитите за вонредниот септемвриски испитен рок ќе се врши на 16.9.2025 (вторник) од 12,00-14,00 часот, преку шалтерите на студентската служба. 
Студентот кој ќе полага во вонредниот септемвриски испитен рок, должен е да изврши уплата на 2.000,00 денари и тоа на следниот начин:

  • електронски, преку Iknow системот, во полето Документи, ја бира услугата Организација на дополнителен термин во испитна сесија, по предметна програма (предмет) МФ2024 (2.000), и го врши плаќањето on-line или 

НАПОМЕНА: Студентите кои ќе извршат online уплата нема потреба да доаѓаат физички во студентска служба, под услов ЗАДОЛЖИТЕЛНО да бидат пријавени на линкот погоре.

  • вирмански, на жиро сметка на МФС, цел на дознака за полагање на испит.

Назив на примачот: Буџет на РСМ,  Машински факултет - Скопје
Банка на примачот: НБРМ
Сметка: 100 0000000630 95
Износ: 2.000 
Сметка на буџетски корисник: 1600104278  788  11
Приходна шифра: 723019  41    Начин: 2

Термините за полагање на испитите ќе бидат објавени на web страната на МФС на 17.9.2025 година (среда).

Испитната сесија ќе се спроведе на 18.9.2025 година (четврток). 

Студентите се должни да пополнат пријава во хартиена форма и истата да ја достават до предметниот наставник на денот на испитот.


Скопје, 1.9.2025 год.                    Од Деканатот на МФС                                                                                                       

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Наши проекти

Contact Us

University "St. Cyril and Methodius"

Faculty of Mechanical engineering - Skopje
Karpos II bb
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Tel:+ 389 2 3099-200
Fax:+ 389 2 3099-298

Follow us

Follow us on:

Gallery

Galerija       

       

Back to Top