Прв свечен час

Почитувани студенти,

првиот час на Машинскиот факултет-Скопје ќе се одржи во петок 01.10 2021 на платото пред новата зграда на Машински факултет-Скопје (означена на мапата подолу).

Распоредот на одржување на првиот час е следен:

  1. Студентите од насоките Моторни возила, Транспорт механизација и логистика и Индустриски дизајн од 11 часот
  2. Студентите од насоките Индустриско инженерство и менаџмент, Материјали, процеси и иновации и Производно инженерство од 12 часот
  3. Студентите од насоките Автоматизација и управувачки системи, Енергетика и екологија, Термичко инженерство, Хидраулично енергетско инженерство и Мехатроника во 13 часот.

Ве молиме да се придржувате до термините , бидејќи групите се предвидени со максимално дозволен број на присутни, така што не би можеле да дозволиме мешање на термините.

При пристигнувањето во дворот на Машински факултет-Скопје ќе Ве пречекаат Менторите по соодветните насоки кои ќе носат беџови со ознаките на факултетот, личното име и насоката на која што се ментори. Тие се задолжени да Ви помогнат во ориентацијата низ кампусот.

Ве молам да не влегувате во зградите, туку по пристигнувањето да се упатите на локацијата предвидена за првиот час.

На првиот час ќе ги добиете индексите, но земајќи ја во предвид тековната ситуација со пандемијата, присуството е пожелно но нема да биде задолжително. Студентите што нема да ги подигнат индексите на првиот час ќе бидат дополнително известени за  начинот на подигање на индексите.

П.С. Ја следиме активно временската прогноза, но земајќи во предвид дека првиот час е предвиден да се одржи на отворено, не можеме со сигурност да предвидиме дека нема да заврне, поради што Ве замолуваме со Вас да си носите некаква заштита од дожд.

Со почит

Дарко Бабунски, продекан за наставна дејност

во име на

Деканатот на Машински факултет-Скопје

 

Студенти - Тип на содржина: 
soopstenija_za_studenti

Наши проекти

Contact Us

University "St. Cyril and Methodius"

Faculty of Mechanical engineering - Skopje
Karpos II bb
1000 Skopje, Republic of North Macedonia
Tel:+ 389 2 3099-200
Fax:+ 389 2 3099-298

Follow us

Follow us on:

Gallery

Galerija       

       

Back to Top