Студиите на МФС, на насоката Производно Инженерство, за мене се покажаа како одлична подготовка за понатамошен развој во кариерата. Содржината која се изучува, и проектите на кои што се работи во текот на студиите, наоѓаат широка примена во индустријата. Факултетот ги има сите потребни ресурси за работа на практични проекти и решенија, а наставниот кадар, со своето огромно знаење и искуство, се тука да ги поддржат таквите активности.
Веднаш после дипломирањето започнав со работа во автомобилската индустрија, во оддел за контрола на квалитет, а подоцна и системи за квалитет. Во последните 5 години сум дел од тимот на Bugatti Rimac, каде што сум вклучен во целиот процес на производство на автомобилите – од производство на делови, составување на автомобилот, и финално тестирање и валидација пред испорака. За “car guy“ како мене, тоа е работа од соништата. И се започна со одлуката да студирам на МФС, одлука што ми овозможи денес да го работам тоа што го сакам.