
Предметот опфаќа изучување на видовите, конструкцијата и техничко-технолошките карактеристики на машините и алатите за обработка на материјали со пластична деформација. Се изучуваат механички и хидраулични преси, ковачки машини и друга опрема за обликување, како и алатите за волуменско обликување и обработка на лимови. Посебно внимание се посветува на алатите за ковање, истиснување, валање, влечење, сечење, просекување, пробивање, свиткување и длабоко извлекување. Студентите се запознаваат со основните конструкциски елементи на алатите, изборот на материјали и стандардни делови, димензионирањето, толеранциите и принципите на проектирање со примена на компјутерски поддржано проектирање (CAD). Предметот ги опфаќа и критериумите за избор и усогласување на машините и алатите според барањата на производниот процес, подготовката на техничка документација и понуди за изработка, како и основите на монтажа, експлоатација, одржување и безбедно ракување.
- Наставник: Jasmina Chaloska
- Наставник: Огнен Тутески