
Предметот ги опфаќа основните принципи и практичната примена на компјутерски поддржаното инженерство (CAE), со посебен акцент на нумеричките симулации со примена на методот на конечни елементи (FEM). Студентите се запознаваат со моделирање и анализа на механичкото однесување на машински делови и склопови, вклучувајќи определување на напрегања, деформации и поместувања при различни услови на оптоварување.
Во понатамошниот дел од предметот се изучува примената на нумеричките симулации за анализа и оптимизација на производни процеси, со посебен осврт на инјекционото вбризгување на полимери и обработките со пластична деформација. Преку практични вежби студентите стекнуваат вештини за подготовка на нумерички модели, дефинирање на гранични услови, спроведување симулации и интерпретација на добиените резултати.
- Teacher: Огнен Тутески