
Претставување на севкупноста моделирањето и симулациите во автомобилското инженерство. Оспособеност за
моделирање, симулација и анализа на основни математички, и комплексни виртуелни механички модели на возила за
истражување на вертикалната и на хоризонталната динамика на возилата. Испитување и оцена на удобноста,
управливоста и стабилноста на возилата преку анализа на моделите.
- Teacher: Vase Janushevska

Дефинирање на работните оптоварувања и пресметка на елементите и на системите од моторните возила. Дефинирање на работните оптоварувања и вршење на конкретни пресметки на елементите, склоповите и системите од моторните возила.
Пресметка на елементите од системот за пренос на силина, погонски / непогонски мостови, потпирање, управување, кочење. Анализа
на сили и оптоварувања со помош на софтверски пакети.
- Teacher: Vase Janushevska
Проблемите од загадувањето на животната средина. Детерминирање на клучни еко проблеми. Дефинирање на основната терминологија. Дизајнирање за животната средина, цели и принципи. Стратегии за еко дизајн, основни правила и методологии. Имплементација на стратегиите за еко дизајн во дизајнот на производите. Материјали и нивната вградена енергија. Рециклирани материјали. ЕУ препораки и регулативи за избор на материјали. Препораки за избор на материјали. Проценка на животен циклус. Стратегии за крај на животниот циклус на производите. Стратегии за продолжување на животниот век на производите. Дизајн за демонтажа. Стратегии за поврат, рециклирање, репроизводство, реупотреба. Стандарди и закони за зачувување на животната средина. Еко ознаки и начин на означување на производите. Анализа на успешни примери на еко производи.
- Teacher: Jelena Djokikj