Изберете една од 11-те акредитирани 4 годишни студиски  програми со што ќе се стекнете со 240 ЕКТС кредити


...

Станете Магистер по машински науки со избор на втор циклус редовни студии во девет студиски програми или вонредни студии  во шест студиски програми, во согласност со Болоњските...

Докторските студии се наша определба за образување на висококвалитетни кадри од областа на инженерството со компетенции за научно-истражувачки, развојни и иновативни активности...

Машинскиот факултет е носител на научно-истражувачката дејност од областа на машинската струка и претставува центар за развој на науката, научната мисла и примената на науката...

Ottawa Online Casinos — Here is an overview of the gaming scene in this city, as well as a sneak-peek into the best online casinos in Canada.

 

Машински факултет - Скопје

Team4win

🚀 Дали сте подготвени за нов студентски предизвик?
Со големо задоволство ви го најавуваме Project4Win, овој пат во соработка со Lear! 🔥
👉 Креирајте тим
👉 Подгответе се за тимска работа, креативност и реални предизвици
👉 Следете нè – наскоро откриваме повеќе детали
Ова е вашата шанса да покажете што знаете и да победите! 💡🏆

 

Соопштенија за студенти

ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје 12 декември 2025 година

🎓 ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
12 декември 2025 година

👋 Драги матуранти – идни студенти,

📅 Ве покануваме на традиционалниот Отворен ден на УКИМ, кој и оваа година ќе се одржи со физичко присуство во просториите на секој од факултетите, во два термина: од 11:00 до 13:00 часот и од 13:00 до 15:00 часот.

📚 Настанот ќе овозможи директно запознавање со студиските програми, активностите на студентите, работата на центрите за кариера и со сите академски, истражувачки и професионални можности што ги нуди Универзитетот. Ќе можете да разговарате со професорите и студентите, да поставувате прашања за студиските програми, стипендиите, студентскиот живот, практикантството и меѓународната размена.

🏫 Преку посетата ќе се запознаете со просторните капацитети на факултетите, како што се амфитеатрите, лабораториите и другите наставно-научни објекти.

🌟 Студирајте на Универзитетот со најдолга академска традиција во нашата земја. Учете од најдобрите – студирајте на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Vulcanus in Japan 2026 - Студентска пракса во јапонски компании

ЕУ- Јапонскиот центар за индустриска соработка (EU-Japan Centre for Industrial Cooperation), Vulcanus in Japan, која овозможува осуммесечна студентска пракса во јапонски компании за студенти од инженерски, технолошки и други природно-научни области. Програмата е кофинансирана од Европската Унија и е наменета за државјани на земјите членки на ЕУ и земјите поврзани со Single Market Programme, SME pillar во кои спаѓа и Северна Македонија.

Студентски пракси би се реализирале во периодот од август 2026 до март 2027 година, а рокот за пријавување е 20 јануари 2026 година.
Апликацијата се поднесува онлајн, а студентите треба да приложат и потврда за запишани студии на англиски јазик, издадена од универзитетот.

Пракси

Повик за платена научна пракса на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија

Почитувани,

 Министерството за образование и наука се обрати до Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за споделување на Повик за платена научна пракса на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.

За таа цел, во прилог Ви испраќам содржина за споделување на веб-страницата на Вашата единица.

Содржината на текстот кој треба да се сподели на веб-страниците на Вашата единица, е следна:

 Повик за платена научна пракса на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија

Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC) нуди платенa научнa пракса за научни практиканти. Подетални информации, профил на кандидати и критериуми се достапни во Анекс I во следниов линк за апликација.

За практикантствата што почнуваат во март 2026 година, JRC овозможува учество на околу педесет (50) научни практиканти, во различни тематски области како здравство, индустрија и вселена, природни ресурси, мобилност, граѓанска безбедност за општеството, животна средина и климатски промени, нуклеарна безбедност и сигурност, управување со кризи, дигитална трансформација и податоци, сајбер безбедност, вештачка интелигенција итн.

Местото на пракса може да биде едно од следниве локации на JRC: Гел (Белгија), Испра (Италија), Карлсруе (Германија), Петен (Холандија) или Севиља (Шпанија).

Лицата кои ќе аплицираат на Повикот потребно е да пратат потврда за својата апликација на следната e-mail адреса: n.p.kostovska@ukim.edu.mk

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top