Машинскиот факултет ми помогна да стекнам солидни знаење во областа на енергетиката и овде ја открив мојата пасија за хидроенергијата – еден од најчистите и најодржливи извори на енергија. Практичната настава, стручниот кадар и можноста за работа на реални проекти ми овозможија да ги развијам вештините потребни за успешна кариера. Но, факултетот ми подари и нешто подеднакво вредно – колеги кои станаа доживотни пријатели и мрежа на професионалци со кои заедно го градиме енергетскиот сектор.
Ако сакаш да придонесеш за одржлива енергетска иднина, Машинскиот факултет е твојот пат!